Пренџов: Наместо да менувате 3 министри треба да излезе Ковачевски и да каже дека одиме на предвремени парламентарни избори

February 17, 2023
1 min read

Треба да одговорите премиере зошто една дилема, еден лош збор немате кон досегашните министри од Алтернатива? Чесно е да знае јавноста ако некој го менувате да знае зошто го менувате, или можеби има други комбинаротики во позадина, изјави на денешната собраниска седница, пратеникот Љупчо Пренџов од коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Не ми одговоривте премиере кога ќе ве прашаат во Берлин која држава има највисока инфлација? Македонија. Која држава има најмалку странски инвестиции? Македонија. Во која држава има најмал БДП. Пак треба да кажете Македонија и дека Косово е пред нас, рече Пренџов.

Во однос на Бугарија, Пренџов го посочи дека Ковачевски е должен да одговори на граѓаните зошто рекол пред коалиционите партнери дека случајот Пендиков бил насилство меѓу наркодилери, а потоа се прави нешто друго.

Да го прашам премиерот за изјавата на довчерашниот министер за локална самоуправа каде вели дека Ковачевски е заложник на Груби и Радев и вели дека не се релаксираат односите. Ве обвинуваат дека европскиот фронт измислена конфротација за поделби и најинтересно што истакна дека МВР го расчистило случајот со Пендиков дека станува збор за тепачка од наркодилерство, дека е направена истрага и нема врска со она кое досега се зборува во јавноста. Добро е пратениците да знаат која е причината за определени граѓани да стануваат Бугари, рече тој.

Пренџов посочи дека се постапи како оваа држава да нема институции си го зеде друга држава без да даде исказ за тукашните институции.

– Наместо да менувате 3 министри треба да излезете и да кажете дека одиме на предвремени парламентарни избори, овие граѓани заслужуваат почит и вреднување и ако мислите дека се е супер, се е розово, ајде да одиме на избори. Никој од нас немаше во програма дека ќе менува Устав, рече Пренџов.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Лондон осуден чуварот на Британската амбасада на 13 години затвор поради шпионажа во корист на Русија

Следно

Грчката Влада ќе покрене иницијатива за проверка на сеизмичката издржливост на јавните објекти

Latest from Blog

Калас: ЕУ подготвува план „Б “доколку Трамп ги напушти преговорите за Украина

„Европската унија подготвува план „Б“ за тоа како да ги одржи економските санкции против Русија доколку администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги напушти мировните преговори за Украина и се приближи кон

ССМ го почна првомајскиот протест за повисоки плати и поголеми права на работниците

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) претпладнево пред Работничкиот дом го почна протестот за повисоки плати и подобри услови за работа.  На Меѓународниот ден на трудот 1 Мај, ССМ го актуализира барањето

Шумските пожари меѓу Ерусалим и Тел Авив во Израел беснеат на 11 локации

СКОПЈЕ (АА) – Шумските пожари што избувнаа во шумската област помеѓу Ерусалим и Тел Авив во Израел продолжуваат на 11 локации, пренесува Анадолу. Денес противпожарните авиони помогнаа во напорите за ставање под

Приведен полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност

На 30.04.2025 во 10.28 часот во СВР Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Б.(52), полициски службеник, кој се сомничи дека сторил кривично дело „предизвикување опшгта опасност“ по чл.

Со претставата „8%?“ во Тирана заврши „Неделата на македонската култура“

Со претставата „8%?“ во изведба на АТО Центар за современа уметност и култура – Битола, во режија на Јован Ристовски, синоќа во Тирана заврши манифестацијата „Недела на македонската култура“. Претставата “8%?” која
Go toTop