Премиерот на Либан предупреди на можна општа војна доколку Израел продолжи со провокациите

December 29, 2023
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Премиерот на Либан, Наџиб Микати, предупреди дека би можело да дојде до општа војна во регионот доколку Израел продолжи со провокациите на југот на Либан, јавува Анадолу.

Микати во главниот град Бејрут се состана со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон.

Кабинетот на Микати објави дека на состанокот разговарале за билатералните односи, како и за ситуацијата во Појасот Газа и на југот на Либан.

Во соопштението се наведува дека Микати во текот на состанокот укажал на неопходноста од итен прекин на израелските напади.

„Израелските провокативни акции на југот на Либан би можеле да доведат до погрешна ситуација и општа војна во регионот“, предупреди Микати и повика на максимален притисок за да се запрат израелските напади.

Микати напомена дека за да се запре војната во Газа прво мора да се постигне прекин на огнот, а потоа да се запре преговарачкиот процес за решавање врз база на воспоставување две држави и обезбедување на првата на Палестинците.

Шефот на британската дипломатија Камерон нагласи дека ширењето на судирите од Газа кон Либан, и оттаму кон Црвеното Море и целиот регион, би ги зголемило нивото на ризик и несигурноста во светот.

Камерон му се заблагодари на Микати за напорите на Либан да ја спречи таквата ескалација на тензиите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Додека е Скопје обвиено со магла на Водно “пука“ сонце

Следно

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop