Премиерот на Гренланд: Најавената посета на американската делегација е многу агресивен потег

March 24, 2025
1 min read

Гренландскиот премиер Муте Б. Егеде остро ја осуди најавената посета на американска делегација на земјата во која е и сопругата на потпретседателот на САД, Уша Венс. Тоа го нарече „многу агресивен потег“.

Уша Венс, сопруга на американскиот потпретседател Џ. Венс доаѓа на Гренланд оваа недела за да присуствува на националната трка на кучиња и „да ја прослави културата и заедницата на Гренланд“, се вели во соопштението на Белата куќа. На Гренланд треба да отпатува и советникот за национална безбедност на Трамп, Мајк Волц, потврди извор запознаен со планот на патувањето.

-Што прави советникот за национална безбедност на Гренланд? Единствената цел на неговата посета е да ја демонстрира американската моќ над нас. Неговото присуство дополнително ќе ги охрабри Американците да веруваат во мисијата на Трамп, а притисокот ќе се зголеми, изјави Егеде за гренландски весник.

Тензиите меѓу САД и Гренланд се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп постојано изјави дека САД имаат намера да ја анектираат автономната територија на Данска, доколку е потребно со сила или економски притисок.

-Мислам дека ќе го добиеме на еден или друг начин, рече Трамп претходно овој месец во обраќањето пред Конгресот.

Гренланд, најголемиот остров во светот богат со ретки минерали важни за високотехнолошката индустрија, со години е предмет на стратешките интереси на САД, Кина и Русија. Заканите на Трамп дополнително ги влошија односите меѓу САД и Данска, која сè уште има контрола врз одбраната и надворешните работи на Гренланд.

Иако владејачката партија на Егеде неодамна доживеа недоверба на парламентарните избори, тој останува на чело на владата до формирањето нова коалиција. Јенс-Фредерик Нилсен, кој се смета за нов премиер, исто така смета дека американскиот потег „покажал недостаток на почит кон Гренланѓаните“.

Данската премиерка Мете Фредериксен рече дека ја сфаќа посетата на американската делегација „сериозно“ и дека соработката со САД мора да се заснова на „фундаменталните принципи на суверенитет“.

Дури 85 отсто од Гренланѓаните се против американска анексија, покажа анкетата објавена во јануари.

Синот на Трамп, Доналд Трамп помладиот, неодамна предизвика контроверзии за време на посетата на Гренланд кога рече дека територијата на островот „ќе има голема корист“ од приклучувањето кон САД, со пораката „Направете го Гренланд повторно голем“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Предупредување за фишинг измама од веб страницата – fzom.net

Следно

Пукање во Волково: Едно лице во критична состојба

Latest from Blog

АМЕРИКА Е ПРОТИВ “БЕЗУСЛОВНО ПРИМИРЈЕ“ и гласаше во интерес на Русија за “преговори“ без “безусловост“

Соединетите Американски Држави одбија да се приклучат на заедничката изјава за Украина во Обединетите нации (ОН), со која се осудуваат постапките на Русија и се бара безусловно примирје од Москва, а Вашингтон

ИСЛАНД РЕЧЕ “НЕ“ ЗА ЕУ И БРИСЕЛ, нивните интереси би се загрозиле со членството

Исланд гласаше против продолжување на преговорите за приклучување кон Европската Унија 13 години откако беа прекинати. Нивното “не“ беше изненадување за Брисел. Јавниот радиодифузен сервис RUV објави дека 52,8% од 225.031 гласачи

ВЛЕН: ДУИ им остави на граѓаните ветувања, ние им оставаме инфраструктура

Политичката коалиција ВЛЕН упати остри критики до ДУИ, обвинувајќи ја дека по две децении учество во власта се обидува да ги преземе заслугите за инфраструктурните проекти што денес се реализираат. Од ВЛЕН

ФЕРОИНВЕСТ СО НАЈГОЛЕМА ЖЕТВА НА ПЧЕНКА ДОСЕГА ЗА БИОГАСНАТА ЕЛЕКТРАНА ВО САРАМЗАЛИНО

Компаниите од групацијата ФЕРОИНВЕСТ годинава ја реализираа својата најголема жетва на пченка досега на земјоделските површини во Овчеполието, со најдобри резултати од почетокот на земјоделското производство на овие локации, како во однос
Go toTop