Премиерот на Федерацијата на БиХ, Никшиќ: За жал, има човечки жртви во поплавите

October 4, 2024
1 min read

САРАЕВО (АА) – Премиерот на босанскохерцеговскиот ентитет на Федерацијата Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ, зборуваше за поплавите и големото невреме што синоќа зафати делови од ФБиХ и потврди дека има и човечки жртви, пренесува Анадолу.

„Поради обилните врнежи во текот на ноќта на повеќе места во областите Јабланица, Коњиц, Кисељак, Крешево и Фојница има поплави и одрони. Од синоќа сум во комуникација со екипите на терен и ја координираме акцијата за помош и покрај сите комуникациски тешкотии поради оштетените мрежи. Ситуацијата е многу сериозна бидејќи голем број граѓани сѐ уште се заробени во куќите бараме начин да стигнеме до нив. За жал, имаше и човечки жртви, но сѐ уште ги немаме сите информации за тоа. Јавноста ќе ја информираме за сѐ штом ќе добиеме потврда од терен“, рече Никшиќ и додаде:

„Од раните утрински часови мобилизирани се сите надлежни и интервентни екипи. Успешно е евакуиран одреден број граѓани заробени во домовите поради водата, а и екипите остануваат во погодените подрачја за да ги спасат луѓето и да им помогнат. Очекуваме дополнителна помош во текот на денот. Во акцијата се вклучени и Министерството за внатрешни работи, со чиј хеликоптер ќе се евакуира повреденото дете.
Сега е најважно да се евакуира загрозеното население и да се спречи настанување на дополнителни штети.“

Според непотврдени информации, засега има пет жртви во невремето во Јабланица, изјави Мајда Ковач, портпаролка на Федералната управа за цивилна заштита (ФУЦЗ), за Анадолу.

Обилните врнежи во текот на ноќта предизвикаа поплави и одрони на подрачјето на Јабланица, Коњиц, Кисељак, Крешево и Фојница.

Автомото клубот на Босна и Херцеговина (БИХАМК) соопшти дека сообраќајот на магистралниот пат Јабланица – Мостар и на патните правци Јабланица, Прозор-Рама – Блидиње, Бусовача – Кисељак и Кисељак – Крешево е во прекин поради одрони, камења и порои.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Никој не е наивен, мобилните оператори прават класичен дуопол- дојдено е време за намалување на цените на услугите за граѓаните

Следно

Бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ во сабота ќе отплови кон Сомалија

Latest from Blog

Хороскоп за февруари: Кој ќе заработува повеќе, а кој мора да ги промени своите навики

Февруари ќе донесе финансиски напредок кај Лавовите, Скорпиите и Рибите Астролошката констелација од февруари 2026 година носи специфичен сет на аспекти кои директно влијаат на финансиската слика. Сончевото затемнување во Водолија на

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ССМ вечерва на протест собраа едвај илјада лица

Таканаречените борци за работнички права, или СДС и Левица заедно со нивните синдикати, поточно Сојузот на синдикати на Македонија вечерва ја покажаа својата сила, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Почина Алексис Ортега, актерот што го синхронизираше Спајдермен

Актерот Алексис Ортега се прослави со синхронизацијата на Питер Паркер во Марвеловиот филмски универзум. Во официјалното соопштение објавено на Инстаграм-страница посветена на светот на синхронизацијата се наведува: „Со жалење објавуваме дека почина

МУСКУЛИТЕ ШТО МУ ПОМАГААТ НА СРЦЕТО Зошто листовите се „второ срце“

Повеќето луѓе мускулите на листовите ги доживуваат исклучиво како помош при одење, трчање или одржување рамнотежа. Сепак, зад нивната секојдневна функција се крие изненадувачки важна улога за целиот организам. Зад мускулите на
Go toTop