Премиерот Мицкоски запали свеќи на гробовите на загинатите во Кочани, за родителите неговиот потег е човечки и достоинствен

August 20, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Кочани ги посети и гробиштата, каде запали свеќи на гробовите на загинатите во пожарот кој на 16-ти март ја зави Македонија во црно.

Тој таму се сретна и со дел од родителите на загинатите деца, а татко на едно од нив, се огласи на социјалните мрежи. Потегот на Мицкоски го нарече достоинствен и човечки и упати апел до останатите да не ја злоупотребуваат нивната болка за политика.

-Разбрав дека денес премиерот бил на гробиштата во Кочани и запалил свеќа на гробовите на нашите ангели. Само тивок и достоинствен чин. За нас родителите, секој кој ќе застане со почит пред болката што ја носиме е пред се човек. Денес така го доживеав и премиерот, како човек. Ве молам, не ја злоупотребувајте оваа болка за политика и дневни поени. Болката е наша, а гестот беше човечки. Тоа е доволно, напиша Тошо Антов, татко на едно од загинатите деца.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: „Советите на Стефановски ќе го обликуваат урбаниот дух на Скопје“

Следно

Binance се приклучи како прв член на T3+, алијанса за борба против криминалот на блокчејн

Latest from Blog

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека
Go toTop