Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

December 17, 2024
1 min read

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел каде што ќе има средби со потпретседателката на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас, со премиерот на Кралството Шпанија Педро Санчез и со премиерот на Полска, Доналд Туск, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе присуствуваат на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел на кој за прв пат ќе претседава претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

На Самитот ќе се разговара за натамошната интеграција на регионот преку Планот за раст, како и за надворешни, безбедносни и миграциски прашања.

Исто така, претседателот на Владата Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската народна партија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Груби и Бајрами ќе се бараат со меѓународна потерница

Следно

Од густите ПМ честички, не се гледа чистиот воздух на Владата

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop