Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

November 7, 2024
1 min read

 Случувањата во Украина и на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на денешниот петти Самит на Европската политичка заедница во Будимпешта, на кој ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски.  

На собирот, чиј домаќин е унгарскиот премиер Виктор Орбан, е најавено учество на 47 шефови на држави или влади од Европа, како и на делегација на ЕУ, што ќе ја сочинуваат претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. 

Во пресрет на Самитот се појавија информации дека Орбан на маргините на собирот ќе организира средба на Мицкоски со бугарскиот претседател Румен Радев, но македонскиот премиер вчера изјави дека таква средба не е договорена, но дека е подготвен за разговори. 

– Подготвен сум да разговарам со секого, секаде, врз основа на вистински договор што ќе не однесе до целта, е не да го направиме само првиот чекор, рече Мицкоски. 

Подготвеност за разговори Мицкоски искажа уште кон средината на минатиот месец, кога некои медиуми ја најавија можноста за средба Мицкоски-Радев во Будимпешта. 

– Не мора да биде тоа Будимпешта, може да биде каде било, да седнеме, да разговараме и да најдеме решение кое ќе биде решение на долг рок и кое ќе гарантира Копенхашки критериуми, ќе гарантира права и ќе гарантира успех во процесот на преговори, рече тогаш Мицкоски. 

Инаку, на денешниот Самит во Будимпешта предвидено е да стане збор за главните безбедносни предизвици што ја засегаат Европа, предизвикани од тековните конфликти, пред се руската агресија врз Украина и актуелната ескалација на насилството на Блискиот Исток.  

Покрај ова ќе се одржат и посебни сесии посветени на миграцијата, приливот на илегални мигранти и нивната инструментализација, на економската безбедност, како и на прашања за поврзаноста на енергијата, транспортот, информатичката технологија и глобалната трговија.  

Покрај пленарните сесии на маргините на форумот се предвидени и билатерални средби на учесниците.  

На Самитот, покрај земјава, се поканети и останатите пет држави од Западниот Балкан, 27-те членки на ЕУ, како и Андора, Азербејџан, Велика Британија, Ерменија, Грузија, Исланд, Лихтенштајн, Молдавија, Монако Норвешка, Сан Марино, Турција, Украина и Швајцарија. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател Ердоган разговараше со Трамп

Следно

Харис до приврзаниците: Мораме да ги прифатиме резултатите од овие избори 

Latest from Blog

Израел уништи ирански бродови во Каспиското Море (ВИДЕО)

Војската, која исто така објави снимки од нападот, изјави дека според израелската војска, нападите уништиле иранска поморска корвета, четири ракетни чамци и неколку помошни бродови и стражарски чамци, заедно со команден центар

Ѓорѓиевски и Велковски по повод Рамазан Бајрам поделија пакети со прехранбени производи

Денес, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод големиот празник Рамазан Бајрам, подели над 50 пакети со прехранбени производи на сограѓани од исламска вероисповед, во соработка со заменик министерот за социјална

Проданоски најави еко-акција за пошумување во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, го најави почетокот на нов проект за заштита на природата и создавање позелена животна средина. Со поддршка од Бирото за регионален развој, проектот „Пошумување на споменикот на
Go toTop