Премиерот Ковачевски го пречека Столтенберг

November 21, 2023
1 min read

реклама


По официјалниот пречек пред Владата, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, треба да има тет-а-тет средба со премиерот Димитар Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации. 

Во составот на македонската делегација се министерката за одбрана Славјанка Петровска, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и амбасадорот на Северна Македонија во НАТО, Дане Талески.

реклама

Предвиденое е Ковачевски и Столтенберг по средбите да одржат заедничка прес-конференција.

Столтенберг е во дводневна посета на Скопје во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан.

реклама

Генералниот секретар на НАТО попладнево ќе има билатерална средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, по што ќе се обрати пред пратениците во законодавниот дом, во рамки на 132. седница. Столтенберг ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски во неговиот кабинет.

Утре во Скопје ќе се одржи неформалниот лидерски состанок на НАТО сојузниците од регионот.

реклама

Столтенберг и Ковачевски, како што е најавено, ќе ги пречекаат поканетите лидери од Република Албанија – премиерот Еди Рама, Република Хрватска – претседателот Зоран Милановиќ, Република Црна Гора – премиерот Милојко Спајиќ и Република Словенија – премиерот Роберт Голоб.

Турнејата низ регионот Столтенберг ја започне од Босна и Херцеговина во неделата, по што замина во посета на Косово. Од вчера Столтенберг престојува во Србија, од каде денеска попалдне ќе допатува во Скопје, како последна етапа од неговата турнеја низ земјите од Западниот Балкан.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УНРВА: Околу 13.000 луѓе загинаа и 1,7 милиони се раселени во Газа од 7 октомври

Следно

Столтенберг пречекан пред Владата

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop