Премиерата на македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ го отвори Фестивалот „Браќа Манаки“

September 23, 2023
1 min read

Со проекција на македонскиот филм „Домаќинство за почетници“, по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција, во Центарот за култура во Битола официјално е отворено 44. издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.

Како што јави известувачот за МИА од Битола, Фестивалот годинава е под мотото „Прекрасното непознато“, а најавено е присуство на 400 гости.

За време на свеченоста, на годинешниот лауреат, оскаровецот Питер Бижу му беше врачена наградата Златна камера 300 за животен опус.

Филмот „Домаќинство за почетници“ се занимава со универзалните вредности на семејството – она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале.

Главните улоги ги толкуваат: Анамариа Маринка (позната по филмот „4 месеци 3 недели 2 дена“ на Кристиан Мунгиу) и Алина Сербан од Романија, Самсон Селим, Миа Мустафа и Џада Селим од Македонија и Владимир Тинтор од Хрватска.  Во споредните улоги се: Сара Климоска и Ајше Усеини од Македонија и Розафа Челај од Косово.

Продуцент на филмот е Марија Димитрова, а остатокот од авторската екипа ја сочинуваат: Ана Жежничек – сценограф, Роза Трајческа Ристовска – костимограф, Александара Чевреска – арт директор, Горан Игњатовски и Леонора Мехмети Хоџа – маскери, Ален Синкауз и Ненад Синкауз – композитори, Зоран Максимовиќ – снимател на звук и Ема Бортињон – дизајнер на звук.

На Фестивалот, што ќе се одржи до 29 септември, ќе бидат прикажани повеќе од 70 филмови, распоредени во неколку натпреварувачки програми.

Во главната програма се 12 филмови, кои наспроти доминацијата на технологијата денес, раскажуваат егзистенцијални човечки приказни.

Актерката и продуцентка Лабина Митевска е годинашна добитничка на „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ – награда која Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ја доделува од 2013 година.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЧУКНАВ НА ВРАТАТА НА „ВАРДАР ФИЛМ” И ИМ РЕКОВ ДЕКА ПРАВАМ УБАВО КАФЕ, ПА ДОБИВ ГЛАВНА УЛОГА ВО „ПРЕД ДОЖДОТ“, РЕЧЕ ЛАБИНА МИТЕВСКА, ЕДНА ОД ЛАУРЕАТИТЕ НА НА „БРАЌА МАНАКИ“

Следно

Лидерот на исламофобична група повторно осквернави примерок на Куран во Холандија

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп ќе добие нови автобуски линии и модерни возила

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, беше гостин во утринската емисија „Добро утро Македонијо“, каде одговараше на прашања од гледачите. Едно од нив беше автобускиот превоз во општината и поставување на нови линии

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без
Go toTop