Премиера на „Франкенштајн“ во ТДМ: Кој создава чудовишта во секојдневието?

July 6, 2023
1 min read

Кој создава чудовишта во секојдневието и како не се прифаќа нешто поинакво, е темата на младинската претстава „Франкенштајн“ во Театарот за деца и младинци (ТДМ) чија премиера е закажана денеска, на 6 јули, во 20 часот.

Претставата работена по мотиви од романот „Франкенштајн“ на Мери Шели, е во режија на Кокан Младеновиќ и претставува едно модерно читање на романот.

Претставата се занимава со темата на создавањето чудовишта во секојдневието и општото неприфаќање на инаквиот во светот во кој живееме. Оваа претстава се обидува да одговори на прашањата за тоа како се случуваат девијациите во однесувањето на луѓето и од што истите се предизивикани. Дали секоја акција е реакција, и дали се раѓаме со перцепција за тоа што е исправно/ добро/ прифатено/ правилно, или пак тоа е нешто стекнато, она на што не учи мнозинството. И секако, на крајот ова е претстава за стравот, за тоа дека стравовите ни ги всадуваат уште од најраното детство и потоа, обидувајќи се да се одбраниме од тие стравови реагираме на начин на кој создаваме чудовишта од себе си и од другите околу нас“, ќе рече Драгана Лукан Николовски, еден од драматурзите на претставата, заедно со Димитрије Коканов.

Играат: Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Матеа Јанковска, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Никола Наковски и Симона Спировска.

Текстот за претставата е на Кокан Младеновиќ, Драгана Лукан Николоски, Димитриjе Коканов, Наковски, Јанковска, Димитрова, Спировска, Петровиќ, Кирковски и Митевски.

Сценографијата е на Кирил Василев, костимографка е Александра Пециќ Младеновиќ, композитор Лука Кантарџиев, а текстот за музиката е на Никола Ристески и целата актерска екипа.

Кореографка на претставата е Олга Панго, а фотографијата и дизајнот на плакат и брошура ги потпишуваат Соња Ставрова Кирковски и Марија Мишева.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија тврди дека демонстрантите во Франција го користат оружјето испорачано на Украина

Следно

Пресуда за „Софтвери“: Осум години затвор за Рашковски

Latest from Blog

Научниците зачудени од огромна структура, изградена пред 7.000 години- сега е на дното на Атлантикот

Огромната структура е снимена во Атлантскиот Океан, а нејзината возраст може да датира од 5000 година п.н.е. Зошто е изградена? Откритието е снимено во близина на Бретања, каде што научниците започнаа интензивна

Опериран поранешниот бразилски претседател Болсонаро

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро денес беше опериран во болница во главниот град Бразилија, соопшти неговото семејство. Болсонаро беше опериран поради хернија, а интервенцијата траеше три и пол часа и помина без

Фондот на ПИОМ со одлука за зголемување на средствата за исплата на посмртнина

Управниот одбор на Фондот на ПИОМ ја одржа 28-та седница на која донесе повеќе одлуки од негова надлежност. Заменик претседателот на Одборот, Игор Китаноски, кој ја водеше седницата, најнапред му даде збор

Јувентус го убедува Тонали да се врати во Италија

Јувентус ќе направи се оваа зима да го донесе Сандро Тонали. Како што пишува весникот „Газета дело Спорт“ главниот тренер, Лучијано Спалети, е воодушевен од италијанскиот репрезентативец од средниот ред. Раководството на
Go toTop