Прелиминарното судско рочиште за Сали Бериша одложено за 25 ноември

October 24, 2024
1 min read

Прелиминарното рочиште за досието „Партизан“, во кое обвинети се поранешниот албански претседател и екс-премиер Сали Бериша и неговиот зет за ќерка Џамарбер Малтези, е одложено за 25 ноември.

Во судската сала не се појави Бериша, кој од 30 декември минатата година е во домашен притвор, туку само неговите адвокати.
-Денешното рочиштето беше закажано пред неколку дена, но досието има 160 илјади страници. Во делот на читањето, не само што треба да читате, туку и да изберете делови кои се корисни за прашањето. Случајот нема ни најмало основано сомнение, ќе бараме затворање на случајот, што потоа е одлука на судот, рече адвокатот Генц Ѓокутај.

Бериша се товари за кривично дело „Пасивна корупција на високи државни функционери или локални избраници“, извршено во соработка, за што може да добие казна затвор во траење од 8 години. Неговиот зет Малтези, од Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, е обвинет дека на нерегуларен начин го приватизиран спортскиот комплекс „Партизан“ во центарот на Тирана, благодарение на одлуките на владата чиј премиер тогаш бил Бериша, по што изградил неколку повеќекатници и остварил приход од градежен бизнис во износ од 5,4 милиони евра.

Тој во октомври минатата година беше приведен на аеродромот во Тирана, одреден период мина во затворски притвор, по што мерката му беше преиначена во домашен притвор.

Предметот го води судијката Флојера Давиди, која треба да донесе одлука дали случајот ќе биде испратен на судење, може да го врати на до завршување на истрагите или да го отфрли случајот.

Бериша (80), тврди дека е невин, и отфрли какво било барања од негова страна судскиот процес да биде по скратена постапка, со што би му се намалила евентуалната затворска казна за една третина. На последните парламентарни избори, во 2021 година, беше избран за пратеник, но парламентот по барање на СПАК му го одзеде пратеничкиот имунитет а од јули годинава не добива и плата, откако, според деловникот за работа на парламентот отсуствувал шест месеци.

Американскиот Стејт департмент го стави Бериша на списокот со санкции во мај 2021 година поради сомневање за корупција а во јули истата година, и Велика Британија. Тој тогаш обвини дека и двете одлуки се плод на „обвинувањата и лобирањето на премиерот Еди Рама и мултимилјардерот Џорџ Сорос“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: До конечната цел, членството во ЕУ ќе дојдеме со синергија на напорите за реформи и зачувувањето на достоинството на граѓаните

Следно

Средба Сиљановска Давкова – Фон дер Лајен: Клучот за нашиот развој е во интеграција согласно Копенхагенските критериуми и принципот на заслуги

Latest from Blog

Путин му се заблагодари на претседателот на ОАЕ за помошта во апсењето на осомничениот за обидот за атентат врз високиот руски генерал на ГРУ

Рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, за неговата помош во апсењето на човекот осомничен за пукањето врз високиот офицер

Кадриу: Осудените за „мерцедесот“ беа „земени на врат“, а случајот со Нешковски беше „чист“, иако Заев мавташе со снимките

Во случајот „Тенк“, набавката на блиндираниот „мерцедес“, Владата не била обврзана да објавува оглас, односно да распишува тендер. Значи, не била должна. Можела да го купи „мерцедесот“ со спогодба во четири очи,

Атентаторот врз заменик началникот на руската ГРУ , генерал Алексеев, уапсен во Дубаи

Осомничениот веќе е екстрадиран во Русија, објавија британските медиуми. Генерал-потполковник Владимир Алексеев, заменик-началник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, во петокот беше застрелан повеќе пати во станбена зграда во Москва, потврдија истражителите.

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на Стенковец

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродром Стенковец.
Go toTop