Прекинот на огнот стапи на сила откако Иран истрела неколку ракети кон Израел

June 24, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Прекинот на огнот меѓу Израел и Иран стапи на сила во 04:00 часот по Гринич денес, по часови интензивни напади во кои Иран лансираше бараж од ракети на израелската територија, јавува Анадолу.

Израелската армија потврди дека вкупно 11 ракети биле испукани во шест последователни брана од Иран во часовите пред прекинот на огнот.

Според израелската служба за итна медицинска помош, најмалку шест лица се убиени, а 15 се повредени, а некои се наоѓаат во критична состојба, откако ракета погодила станбена зграда во јужниот град Бершеба.

Експлозии се пријавени и во Тел Авив и во Централен Израел, соопштија израелските медиуми.

Иранските медиуми, исто така, го потврдија почетокот на прекинот на огнот, наведувајќи дека стапил на сила по неодамнешните ракетни напади.

Израелската радиодифузна управа и военото радио претходно објавија дека прекинот на огнот започнал, а израелските претставници се воздржуваат од формални коментари.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им наложи на министрите да не зборуваат јавно за примирјето.

Прекинот на огнот првично го објави американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека тоа ќе вклучува фазен прекин на операциите, при што Иран прв ќе го започне примирјето, а Израел 12 часа подоцна. Потоа во рок од 24 часа ќе биде прогласен целосен крај на непријателствата.

Израелските медиуми објавија дека Катар посредувал во договорот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Запленети цигари, фалсификувана стока, дрон, регистарска табличка и документи за камп-приколка

Следно

Балканско првенство со 11 репрезентативци и учество на Јован Пармачки на Европски камп за млади надежи

Latest from Blog

Проданоски: Поддршката за лицата со Даунов синдром е наша заедничка обврска

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за поддршка до сите лица кои живеат со Даунов синдром, нагласувајќи дека секој човек носи своја вредност, своја приказна и има свое место во заедницата.

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната

Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-Би-Си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер

Хоџа најави јавна расправа за новиот Закон за заштита на природата

Светскиот ден на шумите, Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, ја информира јавноста дека во текот на наредниот месец започнува јавната расправа за новиот Закон за заштита на природата.

Животниот век во Македонија е за пет години пократок од ЕУ

Разликата во квалитетот на животот меѓу Македонија и Европската унија сè појасно се отсликува преку еден од најважните показатели – очекуваниот животен век. Најновите податоци покажуваат дека граѓаните во земјава живеат речиси
Go toTop