Прекината седницата за пратенички прашања

September 28, 2023
1 min read

реклама



Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски попладнево кусо по почетокот го прекина продолжението на седницата за пратенички прашања откако пратеничката Дафина Стојановска во процедурална забелешка побара оставка од целата Владата обвинувајќи го уште еднаш вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за недолично однесување. 

Стојановска повикувајќи се на член 219 од Деловникот за работа на Собранието побара оставка од Владата, а во тоа ја поддржаа и нејзини колеги од пратеничката група стоејќи зад неа на говорницата. 

реклама

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ рече дека тоа што го направил Маричиќ не е напад кон неа како Дафина Стојановска, туку се случи нецивилизиран гест врз пратеник од ова Собврание. 

-Овде сите треба да реагираме, се додека се двоиме по ваков или по онаков основ, се вака ќе ни се случува, рече таа. 

реклама

Ова, според неа, е чин на понижување на Парламентот, на демократијата во оваа држава, и чин на којшто треба сите да реагираат, вклучувајќи ги оние кои работат во Собранието. 

Однесувањето на Маричиќ го нарече кукавичко и подмолно, нагласувајќи дека и било посочено дека „немало камери коишто го уловиле неговото однесување“. 

реклама

-Ова е чин на морал и европска вредност. Затоа бараме оставка, рече Стојановска повикувајќи го Маричиќ на оставка. 

Потпретседателот на Собранието Мисовски и рече на Стојановска дека нема да дозволи преку неговиот грб пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се пресметуваат кој е за Мицкоски, кој е за Никола Груевски и дека е очигледно дека пратениците од опозициската партија не сакаат седница за пратенички прашања.  Потоа ја прекина седницата, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласно реагираа на неговата забелешка.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Гази Баба со директна финансиска поддршка за ФК Вардар

Следно

Намигнувањето на Маричиќ ја прекина седницата за пратенички прашања, ВМРО-ДПМНЕ бара оставка

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop