Предлог законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство пристигна во Собранието, Филипче порачува должнички оков за секое дете е по 6.000 евра до неговата 25 година

May 27, 2025
1 min read

Само што пристигна во Собранието –  Предлог на законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерството за реализација на инфраструктурните проекти. Ништо нема да биде скриено до јавноста и секој детал ќе биде јавно објавен и транспарентен, објави на својот профил на ФБ координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Ова, посочува тој, е историски договор и историска работа за нашата држава.

„Заедно со граѓаните се обврзавме на обнова на Македонија и тоа го правиме секој ден. Тие се нашиот партнер! Железница, студентски дом, болници, хидроцентрали и многу нови проекти. После стратешкиот договор со Обединетите Американски Држави – ова е уште еден огромен успех за Република Македонија“, пишува Мицевски на Фејсбук.

Дополнително, вели тој, се поставува прашањето зошто Владата продолжува со праксата на зајмување финансиски средства директно од друга земја, како претходно со Унгарија, наместо да оди со потранспарентен механизам како, на пример, заем од Европската банка за обнова и развој или од Светската банка. Според Филипче, тука се отвора и прашањето на капацитетноста на домашните институции и способноста земјава да спроведува големи проекти.

И неговиот лидер, Христијан Мицкоски, веднаш по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана на која беше постигната согласност за договорот, рече дека Договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство е историски настан за нас, бидјеќи ќе овозможи инвестициски циклус од пет милијарди фунти или околу шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството, и така натаму, изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана на која беше постигната согласност за договорот.

Според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, позади кредитот од 6 милијарди евра се крие антологиски грабеж и нетранспарентните и штетни политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ,. Тој предупреди на огромните последици од ваквиот потег.

„Должнички оков врз следните генерации коваат без око да им трепне. Секое дете што ќе се роди следните 25 години, на самиот ден на раѓање ќе биде задолжено со 6.000 евра! Тоа нашата земја, нашиот народ не може да го издржи. “

Дополнително, вели тој, се поставува прашањето зошто Владата на Мицкоски, продолжува со праксата на зајмување финансиски средства директно од друга земја, како претходно со Унгарија, наместо да оди со потранспарентен механизам како, на пример, заем од Европската банка за обнова и развој или од Светската банка. Според Филипче, тука се отвора и прашањето на капацитетноста на домашните институции и способноста земјава да спроведува големи проекти.

„Ние имаме околу милијарда евра наши домашни пари во буџетот кои се на располагање за капитални инвестиции. Досега во 2025 г., на половина од годината, има реализирано помалку од 20 отсто од капиталните инвестиции. Ако ние не можеме да ги реализираме капиталните инвестиции со една милијарда евра наши домашни пари за кои не плаќаме никакви камати, зошто се посега по таков механизам кој може да ни наметне непотребни камати, а ние немаме капацитет да ги реализираме тие проекти“, рече Филипче

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД размислува за нови чекори во справувањето со кризата во Украина

Следно

„Диџеј Ахмет“ на Унковски продолжува да жнее награди

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop