Предлог законот за амнестија на осудените од 27 април пред пратениците

March 16, 2023
1 min read

Предлогот за избор на судијата Елизабета Дуковска од Апелацискиот суд Скопје за судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија е на дневен ред на денешната 106. собраниска седница.

Дуковска е предлог на Судскиот совет на Република Северна Македонија за нова уставна судијка. Таа е судијка од 2004 година, работела во двата основни суда во Скопје како стечаен судија, а од 2009 суди во скопска Апелација како граѓански судија во трговски оддел.

На дневен ред на денешната седница се и Предлог законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година, како и Предлог законот за амнестија, двата по скратена постапка.

Пред пратениците се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, како и Предлог законот за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, и двата по скратена постапка.

Меѓу другите точки се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, Предлог законот за ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Украина, Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина (јули 2023-јануари 2024), како и Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република, како и Предлог на закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, по скратена постапка.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ЕУ размислува да испрати помош за вооружените сили на Молдавија

Следно

По средбата со Лајчак, Вучиќ за денес најави обраќање до јавноста

Latest from Blog

Трајановски: Обезбедени се 44 милиони денари за санација на регионален пат

Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, Претседателот на Совет Стојанче Рамов, заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и стручниот тим од ЈПДП извршивме увид во градежните активности на

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори
Go toTop