Предлог-измените на Законот за спречување перење пари проследен на натамошна постапка во Собранието

March 10, 2025
1 min read

Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница одлучи Предлог-законот за изменување на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам да го проследи на натамошна постапка.

Со измените чии предлагачи се пратениците Садик Сулејмани, Халил Снопче, Калтрина Беќири, Аднан Азизи, Салим Сулејмани, Ријад Шаќири, Имрлије Салиу Фетаи и Саранда Имери Стафаи, се утврдени условите за избор/именување директор на Управата за финансиско разузнавање, односно се бара кандидатот за оваа позиција да има потврда или сертификат за положен испит за познавање еден од четирите најчесто користени јазици во Европската Унија (англиски, француски, германски и италијански) на ниво Б2 од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга, не постари од пет години.

Законот треба да се донесе по скратена постапка, а го образложи Сулејмани.

Според постојниот Закон, Управата за финансиско разузнавање е самостојна и оперативно независна при извршувањето на надлежностите и има овластување целосно слободно да ги извршува своите надлежности, вклучувајќи и одлучување во однос на анализирање, барање, проследување и доставување на резултатите од своите анализи и информации, податоци и документација до надлежните органи и единици за финансиско разузнавање на друга држава. Со неа раководи директор кој го именува и разрешува Владата на предлог на министерот за финансии по спроведен јавен оглас.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еден месец суспензија за Васоски!

Следно

Зеленски: Украина сака мир

Latest from Blog

Коњановски: Градоначалничкиот мандат започна со нови градинки, спортски терени и дигитализација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа

Шефицата на британската дипломатија повика да прекинат „ужасните искушенија“ на Џими Лаи

Лаи, 78-годишен британски државјанин, денеска е осуден на 20 години затвор, според законот за безбедност што го воведе Кина во оваа поранешна британска колонија. Во изјава на X од Министерството за надворешни
Go toTop