Пред посетата на САД, израелскиот претседател го повика Нетанјаху да постигне договор за прекин на огнот во Газа

July 6, 2025
1 min read

ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот претседател Исак Херцог денес го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да постигне договор за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници пред неговото патување во Вашингтон на разговори со американски претставници, јавува Анадолу

Херцог се сретна со Нетанјаху денес, неколку часа пред премиерот да замине за САД каде што треба да се сретне со претседателот Доналд Трамп.

„За време на мојот состанок со премиерот ја нагласив важноста на посетата како значаен чекор во унапредувањето на договорот за враќање на заложниците“, рече Херцог во соопштението издадено од неговиот Кабинет.

„Овој политички чекор би можел да послужи како можност за отворање хоризонти за значаен регионален развој“, рече тој, без да даде дополнителни детали.

Израелскиот претседател истакна дека со Нетанјаху разговарал и за „можноста за зајакнување на односите со други земји“.

Херцог изјави дека „не ја потценува можната цена и ја разбира загриженоста“ во врска со потенцијалното чинење на договорот со палестинската група Хамас, но е „уверен дека безбедносниот кабинетот и безбедносниот естаблишмент ќе знаат како да се справат со предизвиците“.

Според весникот „Једиот Ахронот“, Нетанјаху заминува за Вашингтон во 17 часот по локално време денес.

Хамас доцна во петокот соопшти дека доставил позитивен одговор до медијаторите во врска со неодамнешниот предлог за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници.

Тел Авив проценува дека има 50 заложници, од кои 20 се држат како заложници во Газа. Над 10.400 Палестинци се држат во израелските затвори, подложени на тортура, гладување и медицинско занемарување, што резултираше со многу смртни случаи, според извештаите на палестинските и израелските организации за човекови права и медиуми.

И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, Израел спроведува геноцидна војна во Газа, во која уби над 57.400 Палестинци, повеќето од нив жени и деца, од октомври 2023 година.

Меѓународниот кривичен суд во ноември издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Орце Ѓорѓиевски е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Следно

Познатиот турски древен локалитет Ѓобеклитепе главна атракција за туристите од цел свет

Latest from Blog

Американците го фатиле клучниот учесник во нападот на нивниот комплекс во Бенгази (ВИДЕО)

Министерството за правда на САД објави апсење на клучна фигура во смртоносниот напад врз американски комплекс во Бенгази, Либија, во кој загинаа четворица Американци и со години длабоко ги подели САД. Зубајр

Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки се огласи на социјалните мрежи по неговиот избор на оваа партиска позиција. Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи

Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата

Хоџа: Државата и во 2026 со силна финансиска поддршка за националните паркови

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за

Автомобил удри во супермаркет во Лос Анџелес- најамалку тројца загинати, возач била 92 годишна баба (ВИДЕО)

Се вели дека жената зад воланот имала 92 години. Несреќата се случила кратко по пладне по локално време на „Ранч Маркет“ број 99 на булеварот Вествуд, кога возилото се удрило во зградата,
Go toTop