Пред 79 години, со акт на Президиумот на АСНОМ била основана Народната библиотека

November 23, 2023
1 min read

На денешен ден, 23 ноември 1944 година со акт на Президиумот на АСНОМ била формирана Народната библиотека, денес Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Сместена во просториите на Централната библиотека на предвоениот Филозофски факултет во Скопје (основана во 1920 како прва универзитетска библиотека во Македонија). Првичниот наследен фонд изнесувал околу 150.000 единици, а библиотеката имала 50 читателски места и 12 вработени.

Во 1945 година било решено за доставување на задолжителен примерок од македонското издаваштво, со што библиотеката станала национална депозитна библиотека на тогашната Народна Република Македонија. Покрај основната функција на национална библиотека, НУБ била дефинирана како општонаучната и универзитетска библиотека за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, што било формално санкционирано со Законот за библиотеките во НР Македонија од 1960 година.

Во 1952 ја добила целата зграда на дотогашниот Филозофски факултет, со што нејзините капацитети се прошириле и се отвориле нови служби: подготовка на македонската национална библиографија (1949), книговрзница за заштита на фондот (1953) и библиотечен центар/матична служба (1954). Во 1958 година го добила името Народна и универзитетска библиотека, а со републичкиот Закон за библиотеките од 1960 година, ја добила функцијата на централна и матична библиотека на СРМ.

Во земјотресот од 1963 зградата на НУБСК била целосно урната, со што тешко настрадал и нејзиниот фонд (500.000 единици). По спасувањето на фондот, библиотечните единици биле привремено преселени во Даут-пашиниот амам, а во 1964 година во наменски монтажни објекти сè до преселувањето во новата зграда која била свечено отворена на 27 декември 1971 година.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бектеши: Струјата нема да поскапи, цената останува иста и по 1 јануари

Следно

Кичевчанец организирал борба со кучиња, полицијата ќе поднесе соодветна пријава

Latest from Blog

Драма на аеродром во Шкотска: Авион се судрил со камион за гориво, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро.

Сајкоски: По години застој, автопатот Кичево-Охрид набрзо ќе донесе побрз транспорт и регионален развој

Денес остваривме теренска посета на патниот правец Кичево-Охрид, со посебен осврт на делницата кај Пресека, заедно со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта,
Go toTop