Пред 21 година беше убиен Зоран Ѓинѓиќ

March 12, 2024
1 min read

Во Белград денеска ќе се одбележи 21-годишнината од убиството на српскиот премиер и поранешен лидер на Демократската партија (ДС) Зоран Ѓинѓиќ. Венци утринава беа положени во дворот на владата, на местото каде Ѓинѓиќ беше убиен.

По повод годишнината од убиството, организацијата „Нов оптимизам“ во 12 часот ќе одржи трибина „Истрел во иднината на Србија – каде сме 21 година подоцна“, а Демократската партија во 19 часот ќе одржи трибина „Србија како недовршена состојба – Како до слободни и фер избори“.

Премиерот Ѓинѓиќ беше убиен на 12 март 2003 година.

Неколку часа по убиството, Владата прогласи вонредна состојба во Србија, а како сторители веднаш беа осомничени членовите на Земунскиот криминален клан и дел од Единицата за специјални операции (ЕСО) на Министерството за внатрешни работи на Србија. .

За време на вонредната состојба, која траеше до 22 април 2003 година, полицијата во операцијата Сабја уапси повеќе од 11.000 лица, меѓу кои политичари, високи воени офицери и носители на судски функции.

Во август 2003 година беше покренато обвинение против 44 лица за учество во организацијата на убиството, а судењето почна на 22 декември истата година во Окружниот суд во Белград.

На 23 мај 2007 година, судот ги прогласи обвинетите за виновни и беа осудени на вкупно 378 години затвор.

По 40 години затвор беа осудени поранешниот командант на ЕСО, Милорад Улемек – Легија, и неговиот заменик Ѕвездан Јовановиќ како непосреден извршител на убиството.

Политичката заднина на убиството на Ѓинѓиќ никогаш не е откриена.

Зоран Ѓинѓиќ е роден во 1952 година во Босански Шамац, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград во 1974 година.

Тој е еден од основачите на Демократската партија, во која е избран за претседател на Извршниот комитет во септември 1990 година, а за претседател на партијата во јануари 1994 година.

Од февруари до септември 1997 година ја извршуваше функцијата градоначалник на Белград, како кандидат на коалицијата „Заедено“.

По победата на Демократската опозиција на Србија (ДОС) на парламентарните избори во декември 2000 година, тој беше избран за премиер во јануари 2001 година. (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сенатот на САД предложи резолуција за поддршка на влезот на Северна Македонија во ЕУ

Следно

Карикатура во француски весник предизвика гнев поради исмевањето на гладот на жителите на Газа за време на Рамазан

Latest from Blog

Четири активни пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека во Македонија има четири активни пожари. Опш. Прилеп: с. Бешиште (приземен во мешана шума) Опш. Македонски Брод: с. Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки) Опш.

Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје – Блаце

Во моментов има 12 пожари на отворено, од кои четири се активни, еден е локализиран, а седум се изгаснати, објави ЦУК. Активни се пожарите во Општина Прилеп: село Бешиште, каде е зафатена

На ГП Табановце се чека до половина час

Утрово има зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, каде времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги
Go toTop