Православната црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската православна црква

July 17, 2025
1 min read

Светиот архијерејски синод на Православната црква во Америка донесе одлука за признавање на каноничноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и целосно евхаристиско општење со нејзините епископи, свештенство и верници.

Оваа одлука, како што пренесува Литургија.мк, беше соопштена од страна на поглаварот на Православната црква во Америка, архиепископот Вашингтонски и митрополит на сета Америка и Канада г.г. Тихон во неговиот извештај од 15 јули 2025 година, претставен пред 21-от Сеамерикански црковен собор, кој оваа недела се одржува во Феникс, Аризона, САД.

Оваа одлука следи по барање на патријархот Српски г.г. Порфириј кој во официјална кореспонденција со митрополитот Тихон, побара Православната црква во Америка, согласно Томосот даден од Српската православна црква, да ја признае автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Канцелариите на митрополитот Тихон и архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан се во комуникација и планираат сослужување помеѓу двајцата претстоители, кое ќе се одржи во катедралата „Свети Никола“ во Вашингтон. Ова сослужување, како што информираше митрополитот Тихон на Сеамериканскиот Собор, ќе биде крунисано со свечено признавање на автокефалноста на Македонската православна црква, која го зазема своето место покрај Православната црква во Америка како целосно автокефална помесна православна црква – се вели во известувањето на официјалната веб странница на Православната црква во Америка.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роналдо прогласен за најдобар играч во првенството на Саудиска Арабија

Следно

Најмалку 50 загинати во голем пожар во хипермаркет во Кут, Ирак

Latest from Blog

Со 4,67 милиони евра ќе се реконструира ученичкиот дом „Орде Чопела“ во Прилеп

Ќе се реконструира Училишниот дом „Орде Чопела“ – Прилеп, како дел од владиниот проект за реконструкција на училишни домови во државата. За таа намена се обезбедени 4.672.878 евра, со кои е предвидена

„Трагач за бомби“ пристигна во Британија – СВЕТОТ СТРАВУВА ПРЕД МОЖЕН КОНФЛИКТ (ФОТО)

Авионот на американските воздухопловни сили, познат по прекарот „нуклеарен трагач“, слета во Велика Британија во услови на растечки тензии со иранскиот режим, пишува The Telegraph. Пристигнувањето на специјализираниот авион WC-135R Constant Phoenix

Николоски: Владата целосно застана во подршка на нашите транспортери, има доволно време да се најде вистинско решение

Владата застана рамо до рамо со превозниците на граничните премини, Ги посетив јас, ги поддржа и премиерот и тоа е начинот на кој треба да се работи кога постои еден ваков сериозен

Николоски: ЕУ првпат формално ги третира транспортерите како професионална категорија

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека се во целосна комуникација со транспортерите и дека веќе се договориле да се сретнат по состанокот што треба да се одржи во вторник во Брисел
Go toTop