Пратеникот Јововиќ и активистката Челекетиќ задржани 48 часа – Студентите бараат нивно ослободување

August 19, 2025
1 min read

Пратеникот на Покретот на слободни граѓани (ПСГ) Радивоје Јововиќ и активистката Исидора Челекетиќ, добија мерка притвор во траење од 48 часа.

Според информациите од ПСГ, на Јововиќ и Челекетиќ им се става на товар „попречување на службено лице“ како и „напад на службено лице“. Од движењето порачуваат дека не се плашат и најавуваат продолжување на својата борба за слобода.

Утрово, нешто пред девет часот, полицијата го приведе Јововиќ пред зградата на судот, додека се обидувал да влезе на четвртиот влез. Во градот во тоа време траеше блокада на судот, на повик на студентите кои ги држат во блокада факултетите на Универзитетот во Нови Сад.

Студентите бараат итно ослободување на сите лица кои беа приведени без докази по последните протести, а против кои се поднесени тешки кривични и прекршочни пријави.

Јововиќ, непосредно пред да биде одведен со полициско возило, изјави дека одбива да слуша „наредби од ваква полиција“.

Сведоци на приведувањето раскажаа дека еден од полицајците му пријде на Јововиќ во споредна улица, се однесуваше грубо, по што пристигнала и интервентната единица и го одведе во станицата на Булеварот на кралот Петар Први.

Извор: 021.rs

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полицијата во Полска разби меѓународна мрежа за шверц на дрога, запленети наркотици во вредност од 275 милиони долари

Следно

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop