Пратеникот Џафери ќе го контролира премиерот Џафери?

June 3, 2024
3 mins read

Министрите од СДСМ кои станаа пратеници ги напуштија министерските фотелји бидејќи не може паралелно да извршуваат две функции. Премиерот Талат Џафери, кој стана и пратеник, останува на Илинденска бр. 2 додека да биде избрана новата влада. Дотогаш, вели, нема да оди на работа во парламентот.

Засега, од министерските активности најверојатно не се повлекол и министерот за здравство Илир Демири.

Од Државната комисија за спречување за спречување корупција (ДКСК), пак, јасно порачаа дека оние кои добиле место во парламентот треба да се откажат од сите други функции, но освен да им изречат глоби, антикорупционерите ништо друго не може да направат.

Дали техничката Влада треба да заседава?

Поранешниот пратеник и претседател на Собранието, Тито Петковски, во изјава за Радио Слободна Европа (РСЕ), смета дека нема потреба од никакви толкувања кога уставните одредби за неспоивост на функциите се јасни.

„Станува збор за јасна уставна определба дека функцијата на пратеник е неспојлива со ниту една друга функција. Значи, неспоивост на законодавната и извршната власт. Сега излегува: Џафери како пратеник ќе го контролира Џафери како премиер. Ова е преодна влада, техничка и не може да има никакви други надлежности и ингеренции. Неслучајно Уставот е категоричен за да не се злоупотребува функцијата – и како извршна и како законодавна. Тука нема потреба за какво било флексибилно, граматичко или какво и да е толкување на Уставот“, вели Петковски. Тој смета и оти владата освен да врши технички работи воопшто и нема потреба да заседава освен ако не дојде до некаква вонредна состојба.

Со оглед дека Џафери со изборот за пратеник е спречен да биде премиер, посочува нашиот соговорник, има вицепремиери кои не станаа пратеници и некој од нив треба да го заменат техничкиот премиер.

Ист е случајот, додава, и со министрите кои ги заменуваат заменик-министрите.

Заменик-министри раководат со неколку ресори

Министерствата за одбрана, за земјоделство, за транспорт и врски и за култура се меѓу оние чии министри станаа пратеници.

„Со верификацијата на мандатот во Собранието не сум министерка и не ги извршувам активностите, а ингеренциите ги презеде заменик-министерот“, вели за РСЕ досегашната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Во овој ресор, заменикот беше Онур Али, кој сега ги презел ингеренции.

И од Министерството за транспорт и врски за РСЕ посочуваат дека Благој Бочварски повеќе не ја извршува функцијата туку досегашниот заменик Беким Реџепи.

Денеска (3 јуни) преку соопштенија се огласија и од министерствата за одбрана и за земјоделство наведувајќи дека Славјанка Петровска и Љупчо Николовски повеќе не се на чело на овие институции и оти со верификацијата на нивните пратенички мандати со двата ресори раководат нивните заменици – Тирон Јајага во одбрана и Вјолца Бериша во земјоделство.

„Согласно овластувањето од 27.05.2024 година, заменик-министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша, во целост може да ги извршува тековните активности за непречена работа на Министерството, а веќе извршена е и измена и во Централниот регистар“, наведоа од Министерството за земјоделство.

На оваа листа е и досегашниот вицепремиер за економски Фатмир Битиќи од чиј досегашен кабинет посочуваат дека тој престанал да биде член на владата со верификацијата на пратеничкиот мандат.

Досегашниот министер за здравство Илир Демири, кој стана пратеник од коалицијата Европски фронт, пак, не одговори на прашањето на Радио Слободна Европа дали се откажал од министерската функција.

Според неофицијални информации никој од тие што станале министри не присуствувал на владината седница што се одржала во четвртокот (30 мај), односно два дена по конститутивната седница во Собранието.

Џафери не се повлекува од премиер, но смета дека го почитува законот

За разлика од нив, Талат Џафери, појасни уште на конститутивната седницадека нема да се повлече и ќе ја извршува функцијата премиер. Тој спомена дека бил донесен заклучок на Влада за да продолжи да ги извршува должностите како премиер додека да биде избран идниот владин состав. Дотогаш, нема да учествува во работата на Собранието.

„Врз основа на Законот за спречување или превенција на корупција и заради спречување на корупција и конфликт на интереси, затоа што не може во исто време да носам две должности, две функции, и поради оваа причина, до изборот на идната Влада, нема да учествувам во работата на Собранието и во одлучувањето во Собранието, за да ги исполнам законските одредби на Законот за спречување на корупција и конфликт на интерес“, рече Џафери од собраниската говорница на 28 мај.

„Законот има слабост“ – Антикорупциска може да им пише само казна

Спротивно на Џафери, ставот на Антикорупциска е дека не може формално да се држат двете функции и оти оние што се избрани за пратеници треба да се откажат од претходните.

„Законот е јасен едно лице кое извршува функција од извршна власт, во конкретниов случај претседател на Влада или министер не може истовремено да извршува и функција од законодавна власт односно пратеник“, рече претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска во гостувањето на ТВ Сител на 2 јуни.

Законот за спречување корупција и судир на интереси, посочи таа, предвидува глоба од 300 до 500 евра за лица кои извршуваат неспојливи функции.

„Тоа не е доволно бидејќи на кој начин би ги отстраниле последиците од ваквото постапување? Нашиот закон има слабост во тој дел, не го уредува таквото постапување. Меѓутоа верувам дека именуваните и избраните лица коишто имаат голема одговорна задача, имаат одговорност, спроведуваат санкционирање на поведување кое е спротивно на закон нема да се доведат во ситуација самите тие да ги прекршуваат тие законски одредби од причина што пред нив стојат големи законски предизвици“, рече Димитровска.

Двојна функција, барем формално, Џафери ќе извршува најдоцна до крајот на јуни. Тогаш истекува рокот кога треба да биде формирана новата влада.

По конститутивната седница во парламентот на 28 мај, почна да тече рокот од десет дека за претседателката Гордана Сиљановска Давкова да го додели мандатот. Најдоцна до петок (7 јуни) мандатот ќе заврши во рацете на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој потоа ќе има рок од 20 дена да достави предлог програма и состав на новата Влада.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Турчинот Умут ја напушти работата и со велосипед тргна на пат околу светот

Следно

Не помина ниту третиот кандидат за претседател на Уставниот суд

Latest from Blog

Приватните превозници ни утре нема да возат по скопските улици

Приватните превозници и утре нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите,  изјави вечерва, Јовица Зафировски, претставник на превозиците.  Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои  денеска попладне ги исклучија автобусите

Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, пропаднал тендерот за организација

Советот на министри на БиХ го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на овој настан, потврдено е за Klix.ba. За организатор е избрана фирмата

Шукова, Чупеска и Костова се избрани за потпретседатели на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница на избра потпретседатели и генерален секретар на партијата. За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитриевиќ, нови потпретседатели се Кристина Костова од Штип, поранешната

Поддржувачите на ПКК се судрија со полицијата во Лондон по апсењата во истрагата за тероризам

ЛОНДОН (АА) – Приврзаниците на терористичката организација ПКК денес се судрија со полицијата во лондонскиот кварт Харингеј, откако лондонската полиција уапси шест лица за поврзаност со сомнителни терористички активности поврзани со организацијата,

Што значи загрозена безбедност на јавните финансии? Објаснува Глигор Бишев

Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што конкретно значи за државата кога е загрозена безбедноста на јавните финансии. „Ние посочивме дека прекршени се фискалните правила
Go toTop