ПРАИЗВЕДБА НА „ПАРОВИ“ ОД АНА РИСТОСКА-ТРПЕНОСКА, ВО РЕЖИЈА НА ИВАНА АНГЕЛОВСКА ВО СКОПСКИ ДРАМСКИ ТЕАТАР

May 17, 2024
1 min read

Праизведбата на текстот „Парови“ по текст на Ана Ристоска-Трпеноска, во режија на Ивана Ангеловска премиерно ќе се изведе утре (18 мај) во Драмски театар во Скопје. Директорката на Драмски, Викторија Рангелова-Петрова, на денешната прес-конференција кажа дека оваа институција отсекогаш им давала простор и поддршка на македонските драматурзи и млади режисери, а тоа продолжува и со оваа поставка на „Парови“.

Ристоска-Трпеноска рече дека текстот е за пет парови, дисфункционални парови.

„Со ‘Парови’  сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Мене секогаш повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида. Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнеле, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ“, рече драматургот.

Според режисерката Ангеловска, „Парови“ е претстава за човековата потреба за љубов, за поврзаност, но и за потребата да бидеш осамен, да бидеш оставен, за копнежот по љубов.

Во претставата играат: Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Jасмина Василева, Димитрија Доксевски, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Лазар Христов, Ања Митиќ и Нина Елзесер. Сценограф е Костантин Трпеноски, музички соработник е Ади Имери, костимографи се Раде Василев и Ратка Џамбазовска-Коцев.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Усул бе друже цариник

Следно

Хамилтон кажа кој би сакал да го замени во Мерцедес

Latest from Blog

Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, во фаза на градба се 26.522

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159

Карик: Никој не може да гарантира дека ќе победиме и на следниот натпревар

фото: Manchester Utd (X) Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не верува дека победите на фудбалските натпревари можат да бидат загарантирани. „Црвените ѓаволи“ претходно ја обезбедија својата четврта последователна победа, победувајќи го

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е
Go toTop