ПРАДО ЌЕ ЈА ИЗЛОЖИ ИЗГУБЕНАТА СЛИКА НА КАРАВАЏО КОЈА ЗА МАЛКУ ЌЕ СЕ ПРОДАДЕШЕ ЗА 1.500 ЕВРА

May 6, 2024
1 min read

Изгубена слика на Караваџо на измачениот и крунисан со трње Исус Христос, која беше погрешно проценета и речиси продадена за само 1.500 евра, ќе биде изложена во музејот Прадо во Мадрид, три години откако нејзиното откритие го шокираше светот на уметноста.

Ecce Homo, чија големина е 111 см на 86 см, му се припишуваше на кругот на шпанскиот уметник Хосе де Рибера од 17. век кога беше понудена на аукција во Мадрид во април 2021. Но, нешто на сликата ги наведе експертите во Шпанија и Италија да го преиспитаат делото.

Откако се дозна чија е, шпанската влада ѝ даде заштитен статус на сликата, со цел да остане во земјата.

Прадо денеска соопшти дека сликата, која анонимен купувач ја купил за непозната сума од семејството кое ја поседувало со генерации, ќе биде изложена во музејот од 28 мај до октомври. Директорот на Прадо, Мигел Фаломир, рече дека новиот сопственик соработувал со експерти за да ја обнови Ecce Homo“.

Откривме дека ова е навистина Караваџо, слика која била донесена во Шпанија во 17. век. За време на инвазијата на Наполеон, ја напуштила кралската колекција и од 19. век се наоѓала во приватна семејна колекција во Мадрид. Семејството неодамна одлучило да ја продаде сликата на приватен купувач, кој изразил желба да го изложи ова многу важно дело во Прадо“, кажа Фаломар.

Откритието на сликата доведе до војна на наддавање, која најверојатно завршила со куповна цена од десетици милиони евра.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Младите се порака до идните власти – и ние сме дел од Македонија, а не само декор за пред камера

Следно

АНТОНИЈА ГИГОВСКА БЕЗ ГАЌИЧКИ НА НАСТАП: Пејачката на Велигден е „малерка права“ и се скина дел од врвката на која и се држеа фармерките (ВИДЕО)

Latest from Blog

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

И Украина исто како Македонија, вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП, беше убедливо поразена од селекцијата на Шведска и тоа со 1:3. Болен пораз за Украинците по

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност
Go toTop