Познато место каде ќе биде погребана Брижит Бардо

December 29, 2025
1 min read

Една од најубавите актерки во историјата на филмот, легендарната француската актерка Брижит Бардо ќе биде погребана на гробишта со поглед на Средоземното Море во Сен Тропе, каде што се погребани нејзините родители, објави денес градското собрание на Сен Тропе, но датумот на погребот сè уште не е прецизиран.

Како што објави „Фигаро“, Бардо изразила желба да биде погребана во нејзиниот имот во Сен Тропе, кој го купила кон крајот на 1950-тите.

 Брижит Бардо почина во недела на 91-годишна возраст во нејзината вила Мадраг во Сен Тропе.

Нејзините обожаватели цел ден оставаат букети цвеќе пред нејзината вила. Бардо се пензионираше од светот на филмот во 1973 година, кога немаше ни 40 години, и остави зад себе 46 филмови и повеќе од 60 песни.

Оттогаш, таа речиси целосно се повлече од јавниот живот, посветувајќи ја целата своја енергија на заштитата на животните и хуманитарниот активизам.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов буџет за Битола: најавени инвестиции и проекти за граѓаните

Следно

Последна седница на Собранието годинава, донесени повеќе закони по скратена постапка

Latest from Blog

Зеленски: Украина сака безбедносни гаранции од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека за време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп, побарал од САД да разгледаат можност за обезбедување безбедносни гаранции за Киев за период од 30

Последна седница на Собранието годинава, донесени повеќе закони по скратена постапка

Собранието попладнево, во рамки на 79. седница, донесе повеќе закони во скратена постапка. Усвоени беа измените и дополнувањата на законите за градење, за електронски комуникации, за вработување и осигурување во случај на

Маурицио Сари опериран поради проблеми со срцето, се огласи и Лацио! (ФОТО)

ФОТО: S.S. Lazio/FB Врз тренерот на Лацио, Маурицио Сари, извршена била на мала операција на срце откако рутинските тестови открија аномалија, соопшти римскиот клуб. 66-годишниот стратег треба да го предводи тимот во
Go toTop