Познати детали од договорот на Гатузо со Марсеј

September 27, 2023
1 min read

Италијанскиот стручњак Џенаро Гатузо наскоро може да ја преземе тренерската функција во Марсеј, пренесува новинарот Николо Шира.

Според Шира, договорот на Гатузо со францускиот клуб ќе биде со важност до 2025 година. Останува уште клубот и агентите на тренерот да се договорат за последните детали.

Гатузо моментално е без ангажман. Негов последен клуб беше Валенсија, каде работеше од јули 2022 до јануари 2023 година.

Претходно, Италијанецот беше тренер на Наполи, Милан, Пиза, Палермо, Сион и ОФИ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русијa: Штабот на Црноморската флота во Севастопол погоден со проектили што Украина ги доби од Британија

Следно

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 33 лица

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop