Познат идентитетот на загинатите во терористичкиот напад во Анкара

October 23, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Познат е идентитетот на загинатите во денешниот терористички напад на објектот на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во Анкара, главниот град на Туркије, известува Анадолу.

Во терористичкиот напад е убиен Џенгиз Џошкун, кој работел како офицер за контрола на квалитетот во ТУСАШ, инженерката по машинство Захиде Ѓучлу, вработениот Хасан Хусеин Џанбаз, службеникот за безбедност Атакан Шахин Ердоган и таксистот Мурат Арслан.

22 повредени лица се лекуваат во различни болници.

Загинатата Захиде Ѓучлу отишла до влезот на објектот за да прими цвеќе испратено од нејзиниот сопруг во моментот кога се случил нападот.

Терористите го убиле таксистот Мурат Арслан откако влегле во неговото возило, а потоа неговото тело го сокриле во багажникот на возилото.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна

Следно

ЛШ: Барселона го прегази Баерн, Лил го шокираше Атлетико.М

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop