Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта

August 14, 2025
1 min read

По два БТР и „хермелини“, четири „пинцгауери“ и повеќе противпожарни возила и ноќва ќе се фокусираат на одбрана на објектите на Јавното претпријатие „Јасен“, информираше вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Тој во видео-изјава објавена на „Јутјуб“ рече дека во моментов, освен пожарот што веќе неколку дена беснее на територија на ловиштето „Јасен“, во државата нема други сериозни пожари.

– За жал, долниот дел што се простира под патот што од ловиштето „Јасен“ води кон езерото Козјак, а понатаму кон општината Македонски Брод, е сè уште активен. Има голема зачаденост. Набргу, со стемнувањето ќе може да се видат на некои места и пламени јазици затоа што огнот на некои места се одвива во борова шума, рече Ангелов.

Тој појасни дека денеска биле загрозени и објектите на ЈП „Јасен“, но, како што нагласи, благодарение на брзата и енергична акција, огнот бил спречен да се прошири.

– Денеска тие се наш приоритет за одбрана бидејќи од задната страна постои опасност огнот да се приближи кон овие објекти. Затоа, одбраната ја засиливме со уште два „БТР“-и на ДЗС. „БТР“-ите се стратешки распоредени, односно на позиции од каде што ќе можат да дејствуваат врз пожарот доколку истиот се упати кон објектите на ЈП „Јасен“. На лице место, покрај овие два „БТР“-и, се наоѓаат и четири „пинцгауери“ и два „хермелини“ на Дирекцијата, но, истовремено имаме и повеќе противпожарни возила, додаде Ангелов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Албанија годинава опожарени 54 илјади хектари земјиште, 207 куќи, од што 40 целосно се изгорени

Следно

Грција, Шпанија и Португалија се борат со шумски пожари, ЕУ ја зголемува прекуграничната помош

Latest from Blog

Шилегов со барање за преиспитување на обвиненијата за „Пулс“

Адвокатот Петре Шилегов денеска во судница побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да повлече дел од обвиненијата, повикувајќи се на економичноста на постапката и на најновиот брифинг од

Две лица загинаа во напад на украински дрон во Белгородската област

Во напад на украински дрон врз приватна куќа во Стари Оскол во Белгородската област загинаа двајца цивили, изјави денеска гувернерот на таа област, Вјачеслав Гладков. – Избувна пожар, што доведе до делумно
Go toTop