Пожарот во Калифорнија прерасна во четврти најголем во историјата на оваа сојузна држава

August 4, 2024
1 min read

Повеќе од 6.000 пожарникари и натаму се борат со огромниот пожар, што досега прерасна во четвртиот по големина во историјата на Калифорнија.

Жештината воопшто не носи олеснување на ситуацијата, а властите соопштија дека пожарот е локализиран 27 отсто.

-Имавме грмотевици кои ни зададоа проблеми, рече Кристофер Јанг, портпарол на Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари, или Cal Fire.

Пожарот во калифорнија бил предизвикан на 24 јули од пироман кој турнал запален автомобил во ров во близина на Чико. Оттогаш, изгорени се повеќе од 162.200 хектари земја или површина поголема од градот Лос Анџелес.

Уапсениот 42-годишен маж се изјасни за невин, но беше обвинет за подметнување пожар и е задржан без кауција, соопштија официјални лица.

Од избувнувањето на пожарот, пред 11 дена, досега се уништени над 560 домови и други објекти.

– Пожарот вчера беше локализиран 27 отсто, соопштија властите и додадоа дека „се потребни два до три часа за да се стигне до опожарените линии поради нерамниот и непристапен терен“.

Дел од пожарникарите со хеликоптери се превезуваат до опожарените линиии, а некои се очекува таму да останат со денови.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Курти в понеделник на средба со Мицкоски во Скопје

Следно

Променливо облачно со локален пороен дожд во западните делови

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop