Пожарот над тетовско Селце надминува два километри линија на оган, пожарната и НП апелираат за помош од државните институции

April 15, 2024
1 min read

Преку прес-конференција во Општина Тетово, командирот на тетовската противпожарна единица со упати апел и молба до државните институции да помогнат да се изгасне пожарот над Селце кој трае веќе петти ден. Според командирот Авни Амети, во шумата над Селце не можат да одат противпожарни камиони, а неговата единица само со теренски возила џипови може да пристапи таму и затоа е потребна помош.

– Со сите сили се трудиме да го ставиме под контрола но теренот е тежок за пожарникарите да дојдат до огнот. Овој дел од планината е под надлежност на НП „Шар Планина“ и тие се првите кои треба да излезат на терен и да го локализираат пожарот. Вчера имав повик, беше побарано од нас да им помогнеме. Ние излеговме на терен и до 21 часот го гасневме пожарот, а утрово од 7 часот, повторно сме горе и продолживме со гаснењето заедно со вработените од Националниот парк. За жал други институции не се вклучени и не знам зошто. Ги замолувам сите да се вклучат во гаснењето на пожарот за да се справиме со оваа катастрофа што не снајде. Штетата од пожарот е многу голема бидејќи гори високо квалитетна шума, изјави Авни Амети, командир на против пожарната единица од Тетово.

Командирот потенцира дека зачестените пожари се предизвикани од луѓето и тоа мора да престане.

– Причината се знае, тоа е човекот. Земјоделците ги палат стрништата и еден мал ветер, огнот се проширува. Причината и за овој голем пожар кај село Селце е човекот, нема друга причина за да се создаде толку голем пожар, посочува Амети

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Отстранете ги знаците на замор: Козметички состојки кои го елиминираат отокот од под очите!

Следно

Супер Милионер вреден скоро 21 милион денари освои играч на ВЛТ

Latest from Blog

Божиновска: Секој ревизорски наод мора да има конкретен одговор, активност и рок

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска одржа работен состанок со органите во состав и субјектите поврзани со Министерството, посветен на постапувањето по наодите и препораките од ревизорските извештаи.

Општина Прилеп: Од 14 септември се спроведува дератизација на канализационата мрежа

Општина Прилеп ги информира граѓаните дека од 14 септември 2026 година ќе започне спроведувањето на превентивна систематска дератизација на канализацискиот систем на територијата на Општина Прилеп. Дератизацијата ќе се спроведува согласно договорот

СКАНДАЛ ВО ПРЕМИЕР-ЛИГА: ВАР призна дека направил грешка за голот на Халанд!

ФОТО:facebook.com/mancity Судиската комисија во Англија призна дека е направена грешка, откако ВАР го призна победничкиот гол на Ерлинг Халанд за Манчестер Сити против Манчестер Јунајтед, игнорирајќи го влијанието на офсајд-позицијата на Енцо

Нова ескалација во близина на Ормускиот Теснец – има загинати!-Погоден ирански трговски брод!

 Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека бродот бил погоден од проектил додека минувал низ Ормускиот Теснец, без да наведе дополнителни детали. Засега нема соопштение од американската војска, која претходно
Go toTop