Пожарите во Теарце и Кичево под контрола, екипите остануваат на терен

August 12, 2025
1 min read

Пожарот кој во доцните ноќни часови избувна во Општина Теарце е целосно ставен под контрола и изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во Општина Кичево, над селото Челопеци, пожарот кој вчера до 21:00 часот беше ставен под контрола и понатаму е под надзор на екипите. Според информациите, на кракот кон шумскиот појас има внатрешно согорување и чадење, но на терен се присутни пожарникари од Територијалната противпожарна единица Кичево и припадници на Армијата на Република Северна Македонија, кои ќе интервенираат доколку дојде до повторно реактивирање.

За справување со огнената стихија, вчера беа ангажирани три специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување (Пинцгауери), два хеликоптера на Министерството за внатрешни работи, еден хеликоптер на Армијата и два авиона „Ер трактор“ на ДЗС.

„Екипите остануваат на терен сè додека не се увериме дека нема опасност од повторно појавување на пожарите,“ изјави директорот на ЦУК, Мухамед Али.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Активен пожар во Македонски Брод, еден под контрола, 14 изгаснати

Следно

ВЛЕН: Османи во ОБСЕ ја зацврсти позицијата на Србија и го ослабна Косово

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop