Пожари на отворено има и покрај студот, се гаселе запалени оџаци, 1.642 повика за итни случаи

January 15, 2024
1 min read

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.642 повика на единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 43,61 отсто, а 1,95 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полиција биле упатени 42,19 отсто, кон Итната медицинска помош – 45,70 проценти, кон пожарникарите 10,16 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

– Инаку, 1.234 повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 1,95 отсто со другите 1,95 проценти што се именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а на директно коордирнирање за нивно решавање, наведуваат од ЦУК.

Нивните податоци покажуваат дека и покрај студените температури, пожари на отворено сѐ уште има, особено за викендите.

– Пожарникарите од Македонска Каменица, од Берово при два случаја и од Скопје при четири случаи имале такви интерванции. Ваквите пожари на отворено, покрај тоа што ја загрозуваат околината, особено го загрозуваат квалитетот на амбиенталниот воздух во подрачјата каде што е веќе загаден, како што е Скопската котлина. Паралелно, пожарникарите во државата интервенирале и на повеќе пожари во населените места, при што дел од слични пожари во населени места биле заради запалени оџаци, што оваа грејна сезона се многу чести, а се потенцијална опасност за опасни поголеми пожари. ЦУК алармираше да се чистат превентивно оџаците согласно препораките на пожарникарите, па макар и сега во зимската грејна сезона. Запалени оџаци вчера гаснеле во Тетово, Штип,  Охрид и Битола.  Во последните три деноноќија имаше и три регистрирани излизгувања на возила и заглавувања, секое деноноќие по едно – на Пониква, на Галичица и вчера кај Брана Водоча во Струмичко, појаснуваат од ЦУК.

Според податоци од Регионалниот ЦУК Струмица, околу пладне била добиена пријава од граѓанин за излетано возило од патот, на патниот правец од градот кон Брана Водоча.

– Веднаш биле известени МВР и ТППЕ Струмица. Тие излегле на терен и констатирале дека се работи за излетано возило надвор од патот во длабочина од пет метри. Луѓе немало во и околу возилото, се барале и било констатирано дека имало две лица, коишто, за среќа, не биле повредени. Двете лица го напуштиле местото на настанот и не го пријавиле сами и навреме случајот. Излизганото возило од долот длабок пет метри, вчера попладне било извлечено, наведуваат од ЦУК.

Скопските пожарникари вчера со еден тим гаснеле запалена електрична инсталација на улицата „Пекљане“ број 1А во општина Ѓорче Петров. Едно лице имало гушење од чад, тоа било евакуирано и безбедно пренесено во болница.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неформален состанок на министрите за животна средина на ЕУ во Брисел

Следно

Лајчак најави динамична недела во Давос

Latest from Blog

Англичаните му се закануваат на Абрамович:“Парите од продажбата на Челзи да им ги уплатиш на Украинците“!

ФОТО: Chelsea Football Club/FB Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека рускиот олигарх Роман Абрамович мора веднаш да го исполни своето ветување да искористи 2.500.000.000 фунти од продажбата на фудбалскиот клуб Челзи за

СДС во внатрепартиска криза, по изборот на старо новото раководство на двоецот Заев-Филипче следат оставки и барања за повлекување на Филипче

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „СДС на предлог на Заев а поддржан од Филипче, избра старо ново раководство, но во истиот момент започнаа и реакциите од општинските организации на СДС низ Македонија, летатат оставки

ВЛЕН: Настапот на Фетаи во Доха ја потврди посветеноста за вистинска борба против корупцијата

Коалицијата ВЛЕН ја оценува присутноста на вицепремиерот Арбен Фетаи во Доха, во рамки на CoSP11 – Конференцијата на Обединетите нации против корупцијата, како доказ за сериозно и суштинско претставување на државата на

Меган Маркл и принцот Хари најавија нов проект во соработка со Нетфликс (ВИДЕО)

Војводата и војвотката од Сасекс ќе го продуцираат филмот за стриминг услугата преку нивната компанија Archewell Productions. Како што објави Deadline, 44-годишната Меган и 41-годишниот принц Хари соработуваат на проектот со продуцентката
Go toTop