Пожар во националниот парк Шар планина

March 31, 2024
1 min read

Голема површина на букова шума и пасишта се уништени од шумскиот пожар кој што вчера избувна на шар планинското подрачје, по што штетите се големи. Локализирани се два краци од пожарот, но не е целосно.

Од националниот парк Шар Планина велат дека поради ветрот пожарот е проширен на повеќе страни.

„Пожарот е многу проширен на три страни неколко десетина хектари се опожарени. Има изгорени и шасишта, букова шума и заемјоделски ниви од село Вешала.“ – изјави Ибрахим Дехари директор на национален парк Шар Планина.

Од центарот за управување со кризи информираат дека пожарот е локализиран, но не сосема, бидејќи се догаснуваат одредени потенцијални жарништа.

„Известуваме дека од национланот парк Шар Планина информираа дека од терен дека пожарот над селото Вешала е целосно локализиран но не и изгаснат.“ – изјави Илија Бојаровски портпарол на ЦУК.

На шар планиското подрачје зачестија пожарите. Директорот на националниот парк Шар Планина Дехари се сомнева дека за пожарот директно се виновни се земјоделците. 

„Овие што ги обработуваат нивните секако мислиме дека од тука протргнува се, ги чистат нивите за да обработат или ливадите, и ќе ги запалат тоа што собираат околу нивните и го оставаат тоа така и после тоа се проширува.“ – изјави Дехари.

Дали се казнуваат земјоделците кои што палат стрништа е прашањетоп кое што го упативме до Центарот за управување со кризи, но оттаму, кратко порачаа дека треба да ги прашаме инспкеторите за животна средина. На официјалната страница на Инспекторатот за животна средина се оставени два броја, првиот беше непостоечки додека на вториот број никој не одговори.

Од Националниот парк Шар Планина побаравме одговор дали се казнуваат земјоделците коишто палат стрништа, но одговор до почетокот на вестите не добивме.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нетанјаху: Израел мора да биде понезависен во производството на оружје

Следно

Жител на Конче осомничен за злоупотреба на малолетничка долга речиси две години

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop