Повторно протести во Атина поради железничката несреќа

March 12, 2023
1 min read

Дел од грчките синдикати и денеска одржаа протести во центарот на Атина поради железничката несреќа кај Темпи со 57 загинати лица.

Демонстрантите уште еднаш го изразија нивниот протест за трагедијата пред 12 дена, порачаа дека „криминалот не треба да се заборави“, дека одговорните треба да бидат казнети, но и да се преземат мерки за побезбедни возови.

И овој пат, протестот беше масовен и мирен пред грчкиот Парламент, а по завршувањето се случија мали и изолирани инциденти, кога група маскирани лица се одвои од главниот блок и се судри со полицијата на еден од плоштадите во Атина во моментите додека се движеше кон железничката станица.

Протестите во Атина и другите грчки градови започнаа по несреќата и веќе извесен период континуирано се одржуваат, а за в четврток, закажан е нов генерален штрајк организиран од двата најголеми синдикати на вработените во државниот и приватниот сектор.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Баку: Претседателот на Албанија, Бегај, се сретна со азербејџанскиот претседател Алиев

Следно

Артета за бурните прослави на Арсенал: Одете во црква ако не ви се допаѓа

Latest from Blog

Џаред Лето во нова улога во филмот „Трон“, се појави трејлер (ВИДЕО)

Студиото Дизни неодамна претстави трејлер за научно-фантастичното продолжение на франшизата „Трон“, во кој нè запознава со, како што велат, врвен војник кој е неверојатно силен, молскавично брз, извонредно интелигентен и има способност

Хорор во Хрватска: Распарчено женско тело е пронајдено во септичка јама, уапсен е сопругот

Како што се испоставило, телото на жена која исчезнала на 2 август е пронајдено во септичка јама. Таа живеела во куќата со својот сопруг, а наводно во септичката јама биле пронајдени човечки

Јувентус го промени планот, сега ќе му нуди нов договор на Влаховиќ

Иако цело лето инсистираа на негова продажба, сега од италијански Јувентус не ја исклучуваат можноста за продолжување на договорот со Душан Влаховиќ. Останувајќи во тимот, Србинот постигна голови во двете кола од

„Предложи идеја“: Коњановски со жителите на урбаните заедници во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средби со жителите на урбаните заедници „Васко Карангелевски“ и „Ѓорги Наумов“. Во рамките на кампањата „Предложи идеја“, граѓаните имаат можност да ги изнесат своите

Ѓорѓиевски: Плодна и инспиративна дебата со директорот на Фондација Конрад Аденауер во Македонија, Даниел Браун и со стипендистите на фондацијата

Денес имавме плодна и инспиративна дебата со директорот на Фондација Конрад Аденауер во Македонија, Даниел Браун и со стипендистите на фондацијата, млади луѓе кои вложуваат многу во своето образование и ја гледаат
Go toTop