Повторно отворање на Хашките случаи за „Левица“ услов за учество во идната влада

February 11, 2024
1 min read

Повторно отворање на Хашките случаи ќе биде услов за учество на „Левица“во идната влада. Во денешното соопштение ова опозициска партија наведува дека иако ДПМНЕ и СДС во 2002 година, па повторно во 2011 година ги амнестираа воените злосторници на УЧК, истовремено коалицирајќи со нив – сепак Советот на Европа бара повторно отворање на т.н. Хашки случаи: Водството на ОНА, Малтретираните мавровски работници, киднапирањето Македонци од Непроштено и Липковска брана. Се потсетува дека со дописот од 15 јануари 2024 година до македонската Влада, испратен од комесарката за човекови права при Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, се потенцира дека без цврсто осудување на злосторствата од минатото не може да се гради мирно демократско општество!

-Овој став коинцидира со една од главните заложби на Левица во предизборната програма – Поништување на автентичното толкување од 2011 година на Законот за амнестија од 2002 година, поддржано од пратениците на ДПМНЕ, истражување на досиејата за овие случаи и процесуирање на воените злосторства сторени врз македонско цивилно население во конфликтот од 2001 година. Гонењето на сторителите на овие грозоморни кривични дела претставува и обврска на Македонија како членка на Обединетите Нации, која прозилегува од Универзалната декларација за човековите права на ОН од 1948 година, Женевската конвенција од 1949 година, Повелбата за Нинбершкиот суд и други меѓународни документи, се наведува во соопштението.

Се додава дека независно од амнестијата на злосторствата на ДУИ (поддржана од ДПМНЕ и СДС), обвинителството и судовите во Македонија не само што не се спречени, туку имаат и одговорност да ги процесуираат Хашките случаи, бидејќи меѓународното право и меѓународните акти ратификувани од Република Македонија без исклучок не дозволуваат амнестија за воени злосторства против цивилно население.

-Согласно со меѓународните перемпторни норми и Конвенцијата на ОН за незастарливост на воените злосторства и злосторства против човештвото, кон која Македонија има пристапено во 1994 година, ваквите злосторства сторени од УЧК не застаруваат и по изборите нивното процесуирање Левица ќе го наметне како услов за формирање на влада!

-Потсетуваме дека засегнати во овие случаи се сега техничкиот премиер Талат Џафери, лидерот на ДУИ Али АХМЕТИ, како и многу други поранешни функционери, кои 23 години поддржувани од СДС и ДПМНЕ ја разоруваат македонската држава. Дел од пратениците, кои се во актуелниот состав на ДПМНЕ и кои го критикуваа изборот на Џафери, беа дел од пратениците кои во 2011 година гласаа за амнестијата на воени злосторства. Во оваа група пратеници спаѓаат: Александар Николоски, Антонио Милошоски и Ане Лашкоска. „Левица“ е единствената партија која во својата програма се залага за кривичен прогон за криминалите и злосторствата на терористичката банда од ДУИ, која се додека постои на политичката сцена, ќе биде фактор на ширење меѓуетнички тензии, омраза и нестабилност во Републиката!, потенцираат од оваа партија.

Извор: skopskoeho.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Собранието утре седница за избор на новите министри за здравство и информатичко општество

Следно

Спречена нелегална трговија со папагали

Latest from Blog

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера

Уличните кучиња го чинат градот 46 милиони денари, Лајка во рок од 6 месеци добива над 700 пријави за заловување

Речиси 46 милиони денари, односно околу 750 илјади евра, исплатиле градските власти во изминатата година, како оштета на граѓани каснати од бездомни кучиња. Само до 24 јуни годинава, јавното претпријатие Лајка, кое

„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија

Најновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој. Додека вкупното индустриско производство во јуни

Претседателот на Баерн со критика другите тимови од Бундеслигата

ФОТО: FC Bayern Munich/fb Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, ги критикуваше клубовите од Бундеслигата дека не прават доволно за да ја промовираат лигата во странство преку странски турнеи. 72-годишникот зборуваше на

НА ПОВИДОК Е ДОГОВОР ЗА ОРМУНСКИОТ ТЕСНЕЦ – Американски функционер : Се отвара клучниот воден пат и се обновува извозот на нафта

На повидок е договор за Ормунскиот Теснец, кој наскоро би можел да овозможи повторно отворање на овој клучен воден пат и да го обнови извозот на нафта, прекинат за време на петмесечната
Go toTop