Повредени во сообраќајка во Грција ѕвонеле на 112 – помош добиле од ЦУК Струмица

December 29, 2023
1 min read

реклама


Денеска, операторите од Струмица на Единствениот број 112 во ЦУК им помогна на повредените лица од сообрќајна незгода меѓу две моторни возила на територија на Република Грција, за да добијат Итна медицинска помош и да бидат медицински згрижени, а и да биде известена тамошната полиција.

Конкретно, сообраќајната несреќа се случила, во период малку пред 13.00 часот, во близина на првата патарина при влез од од грчка страна кон преминот Богородица – Евзони. Откако се созеле по сообраќајката, патниците свртеле 112 за да бараат помош, бидејќи имало и повредени.

реклама

Први ги добиле операторите на Единствениот број за итни случаи 112 во Регионалниот ЦУК Струмица, коишто веднаш на англиски се разбрале, оствариле конференциска врска со колегите од 112 од Грција, а и со колегите во ЦУК Скопје, по што грчката Итна медицинска помош и Полиција биле известени и им помогнале на повредените.

Ова е уште еден пример, во низата, кога преку Единствениот број за итни случаи 112, независно дали повикот е прифатен од операторите на Република Грција или од Република Северна Македонија, во заедничка соработка се спасуваат граѓани од двете држави коишто биле во животозагрозувачка ситуација.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тројца скопјани каснати од улични кучиња во Драчево, пријави за каснувања има и на други локации

Следно

Судскиот совет пред историска одлука – дали да ја „одбрани“ или да ја разреши претседателката на Врховниот суд

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop