Повредени тројца од екипата на Итна помош што беа заглавени во лифт во Кисела Вода што паднал во подрум

June 26, 2024
1 min read

Три лица од екипата на Итната медицинска помош од Скопје кои беа заглавени во лифт во подрумски дел од зграда на улица „Христо Татарчев“ бр.47 во скопската населба Кисела Вода се жалат на повреди.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), екипата се движела од приземје кон шести кат, но кога дошле малку над втори кат лифтот забрзано се спуштил и паднал во подрум. 

Претходно ЦУК информираше дека е добиена пријава на телефонот 112 во 11:22 часот за заглавена екипа на Итната помош во лифт во зграда во скопска Кисела Вода.

-Од страна на ЦУК итно се известени Бригадата за противпожарна заштита Скопје и СВР Скопје. Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа  на Итната медицинска помош. Најмалку четири лица биле во лифтот во моментот на падот, а пациент немало, бидејќи екипата била на констатација на смрт, посочија тогаш од ЦУК. 

Првично од ЦУК соопштија дека во лифтот е заглавена екипа на Итната помош заедно со пациент. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Километар пруга до Бугарија може да чини 24 милиони евра

Следно

Александер Усик се откажа од еден од шампионските појаси

Latest from Blog

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со
Go toTop