Повик за примирје

September 26, 2024
1 min read

Израел ги продолжи воздушните напади врз Либан. Според либански извори загинаа десетици лица, а исто толку се ранети. Израелските одбранбени сили соопштија пак, дека Хезболах лансирал 45 ракети врз градот Акре на северот на Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на израелската армија да продолжи со борбите против Хезболах со полна сила и го игнорираше повикот за примирје, предложено од САД, ЕУ и сојузниците. 

„Нема да има примирје на северот. Израел ќе продолжи со борбите против терористичката организација Хезболах со сета моќ сѐ до победата и враќањето на раселените жители од северот во нивните домови. Борбите против Хамас и Хезболах продолжуваат до исполнувањето на сите цели.“ – Кабинет на израелскиот премиер.

САД, Европската Унија, Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати, Велика Британија и Катар побараа 21-дневна пауза во борбите, што ќе овозможи натамошни преговори за да се постигне сложен договор. 

„Ситуацијата меѓу Либан и Израел е неподнослива и претставува неприфатлив ризик за поширока регионална ескалација. Ги повикуваме сите страни, вклучително и владите на Израел и Либан, веднаш да поддржат привремен прекин на огнот и да дадат вистинска шанса за дипломатско решение“. 

Ова доаѓа откако шефот на израелската армија Херци Халеви најави дека обемните воздушни напади против Хезболах би можеле да бидат вовед во копнена офанзива во Либан.Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во своето обраќање на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации изјави дека светот не може да си дозволи Либан да стане уште една Газа. 

„Со еден јасен глас да кажеме, престанете со убивањето и уништувањето, ублажете ги реториката и заканите, отстапете од работ. По секоја цена мора да се избегне сеопфатна војна. Тоа сигурно би било сеопфатна катастрофа.“ – Антонио Гутереш генерален секретар на ОН..

Израел почна серии воздушни напади врз Либан од понеделникот и досега загинаа над 600 луѓе, а бројот на повредени е над 2.000.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

12. Филмски фестивал „Босфор“ започнува наредниот месец во Истанбул

Следно

Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop