Повеќе од 500.000 членови ја напуштија Католичката црква во Германија во 2022 година

June 29, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Повеќе од 520.000 членови ја напуштија Германската католичка црква во 2022 година, што е најголем број досега, јавува Анадолу.

Германската католичка црква во моментов има повеќе од 20,9 милиони членови, што претставува 24,8 отсто од населението, во споредба со 26 отсто во 2022 година, според истражувањето на Германската бискупска конференција (ДБК).

Минатата година црквата ја напуштиле 522.821 лице, што е најголема бројка досега. Во 2021 година таа бројка изнесувала 359.000, а годината претходно 221.000, наведува БДК.

Томас Шулер, експерт за католичко канонско право, за германската новинска агенција ДПА изјави дека црквата „умира во мачна смрт“ пред јавноста.

Претседателот на ДБК, бискупот Георг Батцинг, рече дека бројките се „алармантни“.

„Не можеме и нема да замижиме пред овие случувања“, рече Батцинг.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сите живи американски претседатели потекнуваат од семејства на робовладетели

Следно

Фрлена експлозивна направа кон полициски пункт во Северна Митровица, нема повредени

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop