Повеќе од 140 луѓе во Србија секој ден умираат од срцеви заболувања

September 26, 2024
1 min read

Фармацевтската компанија Teva/Actavis денеска истакна дека болестите на срцето и крвните садови и понатаму се еден од водечките причини за смртност во Србија, каде во просек, дневно од овие болести умираат повеќе од 140 граѓани.

Во соопштението од компанијата се наведува дека податоците од Институтот за јавно здравје „Батут“ предупредуваат дека и понатаму постои недоволна грижа на граѓаните за сопственото здравје, бидејќи годишно во Србија повеќе од 50.000 луѓе умираат од срцеви заболувања, што ја сместува земјата во групата со висок ризик за кардиоваскуларни болести.

Оваа година, Светскиот ден на срцето, кој се одбележува на 29 септември, ќе се одвива под слоганот „Со срце за акција“ со фокус на глобалната иницијатива за приоритизација на превенцијата, раното откривање и лекувањето на кардиоваскуларните болести.

Во моментов, повеќе од 49 милиони луѓе во Европа страдаат од кардиоваскуларни заболувања, а секоја година се поставуваат уште 11 милиони нови дијагнози.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рекордни 22 трки во Мото ГП календарот во 2025

Следно

Филипче: Мицкоски нема право да ги прекине преговорите со ЕУ, државата не е негова приватна своина

Latest from Blog

Хоџа: Заштитата на Вардар мора да биде државен приоритет, потребни се конкретни мерки и стабилно финансирање

Заштитата на реката Вардар и одговорното управување со водните ресурси мора да бидат меѓу долгорочните приоритети на државата, со јасно дефинирани институционални обврски, стабилно финансирање и координирана соработка меѓу различните сектори. Ова

На Халкидики почнува со работа рудникот за бакар и злато, македонското рударство „тоне“

Рудникот „Скуриес“ на Халкидики се приближува до почетокот на комерцијалното производство на бакар и злато, откако компанијата „Елдорадо Голд“ ги активираше сите четири филтер-преси за филтрирање на јаловината. Со ова е исполнет

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката

ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор
Go toTop