Повеќе лица се повредени во сообраќајка откако комбе-автобус се превртел на патот Струмица-Валандово

November 7, 2023
1 min read

реклама


Повеќе лица се полесно повредени во сообраќајка откако комбе-автобус изгубило контрола и се превртело на патот Струмица-Валандово, во близина на мотелот „Македонска куќа“.

Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека несреќата се случила денеска околу 06:20 часот.

реклама

  • Околу 06:20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица-Валандово, Ф.А.(42) од Струмица, управувајќи комбе-автобус со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел на коловозот. Во несреќата со полесни повреди се здобиле повеќе лица кои биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица и јавен обвинител од ОЈО Струмица, изјави Трајанова.

Според информациите од струмичкото обвинителство во комбе-автобусот се превезувале 25 лица, од кои 15 побарале помош во болницата.

Од струмичката болница информираа дека 15 патници побарале помош, а од нив тројца се задржани заради натамошни испитувања и следење на состојбата. Останатите по укажаната помош се упатени на домашно лекување.

реклама

Заради несреќата сообраќајот на овој патен правец беше во прекин до 08:45 часот, а по извршениот увид повторно е нормализиран.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Дали пак ќе трча за шеф на државата – интервју со Гордана Силјановска-Давкова

Следно

Белград: Вучиќ и Бајрамов разговараа за економската соработка и инфраструктурните проекти

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop