Потврдени случаи на африканска свинска чума во Албанија

December 28, 2024
1 min read

Албанското министерството за земјоделство и рурален развој информираше дека се потврдени повеќе случаи на африканска свинска чума во фарма во Лежа.

– Управната единица Шнѓин при увид извршен деновиве констатира дека во село Ишул кај Лежа се угинати 15 од вкупно 71 свиња колку што поседува сопственикот на фармата. Угинатите животни веднаш се закопани, околината е дезинфицирана, сњ наведува во соопштението.

Се додава дека според утврдениот протокол земени се мостри, чија анализа потврдила дека станува збор за африканска свинска чума.

Министерството презело мерки за спречување на ширењето на болеста. Една од нив е забрана за продажба и промет на живи свињи на отворени површини и пазари на територијата на општина Лежа и надзор на другите фарми во ова подрачје на северозападна Албанија. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проруска хакерска група предизвика прекини на работата на веб-страниците на аеродроми во Милано

Следно

Таравари ги развесели децата во СОС Детско село

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop