Потврдена суспензијата на Драган Начевски

April 12, 2024
1 min read

Ракометниот суд на ЕХФ ја одби денеска жалбата на Драган Начевски и ја потврди двегодишната суспензија за поранешниот македонски судија и долгогодишен претседател на европската Судиска комисија, поради непријавување обид за поткуп за местење натпревари.

Начевски беше суспендиран во мај лани откако данската телевизија ТВ2 достави до ЕХФ „аудио и видеозаписи“ за негова наводна вмешаност во нелегални активности поврзани со местење натпревари.

Според информациите доставени од данскиот медиум, Начевски во јануари 2020 година одржал средба со наводен бизнисмен, кој го убедувал дека може да внесе кинески ракометен тим во регионалната СЕХА лига. Според истиот извор, на средбата станало збор и за „местење натпревари“.

При изрекувањето на суспензијата лани, ЕХФ наведе дека на овој состанок „Начевски повеќе пати одбил понуда да соработува во местење натпревари, но според доставените изјави од средбата, не се оградил во целост и со тоа испратил погрешен сигнал во контекст на својата функција“.

„Оваа одлука се однесува само на повреди во врска со непријавување. Сè уште се во тек правните процедури и истраги за недостаток на интегритет и неправилности поврзани со обложување“, се прецизира во денешното соопштение на ЕХФ, која на Начевски му изрече и парична казна во износ од 5.000 евра.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

12 години од масакрот кај Смилковското Езеро

Следно

Полицијата го пронајде возилото од кое било пукано синоќа во Тетово

Latest from Blog

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за

Проданоски: Со шведска поддршка градиме современ систем за управување со отпадот

Унапредувањето на управувањето со отпадот, можностите за нови инвестиции и користењето меѓународни фондови беа теми на работната средба на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со шведскиот амбасадор Ола Сулстром, заменик-министерката за животна

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop