Потврдена казната на поранешниот француски претседател Саркози за корупција

December 18, 2024
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Врховниот суд на Франција го потврди едногодишниот домашен притвор на поранешниот француски претседател Никола Саркози во случајот за корупција познат како „Афера Бигмалион“, јавува Анадолу,

Врховниот суд ја објави својата одлука по жалбата во случајот во кој на Саркози му се судеше за корупција и беше осуден на три години затвор, условно, во мај 2023 година.

Според конечната одлука на Врховниот суд, со која се отфрли приговорот на Саркози на одлуката на понискиот суд, Саркози затворската казна од една година ќе ја отслужи со електронски лисици дома и нема да има право да се кандидира на избори три години.

Во истиот случај, адвокатот на Саркози Тиери Херцог и судијата Жилберт Азиберт беа осудени на истата казна како и Саркози, а Херцог доби тригодишна забрана за вршење адвокатска дејност.

Против поранешниот француски претседател Саркози беше поднесена тужба во 2014 година со образложение дека „тргувал со влијание“ и „го прекршил принципот на доверливост на сослушувањата“ за да дојде до информации во друга судска истрага против него.

Во овој случај, Никола Саркози е обвинет дека на судијата Азиберт му понудил висока функција во Монако за да пристапи до истражните досиеја за скандалот „Л’Ореал“. Утврдено е дека Саркози на состаноците со својот адвокат Херцог откривал информации од полицијата и обвинителството.

Саркози беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година, а се повлече од јавниот живот во 2017 година. Овој месец тој присуствуваше на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски од Брисел: Нашето место е тука, да бидеме рамноправна и полноправна членка на Европската Унија

Следно

Турскиот претседател Ердоган со државна церемонија го пречека либанскиот премиер Микати

Latest from Blog

Променливо облачно време со умерени температури и во наредните денови

Во текот на следните неколку дена во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, со променлив правец. Минималните утрински температури ќе се движат

ВИДЕО: Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот, порача премиерот Мицкоски по средбата со Зеленски

Премиерот на Република Македонија, Христија Мицкоски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција која што се оддржува во Германија оствари средба со украинскиот претседател Влодимир Зеленски. -Во Минхен остварив средба со претседателот
Go toTop