Потребни се осум гласа за разрешување судија, а во случајот со Енвер Беџети немаше – вели претседателот на Судски совет

November 27, 2023
2 mins read

На прашањето за неконзистентност во одлучувањето на Судскиот совет кој претходно ги разреши судијките Лидија Неделкова и Софија Лаличиќ за поситни повреди, претседателот Сашко Георгиев вели дека и тогаш имало различни мислења, но натежнале гласовите на мнозинството

Потребни се осум гласа за разрешување судија, а во овој случај немаше – вели претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, по одлуката да се изрече парична казна за судијата во скопска апелација Енвер Беџети, кој повеќе од девет месеци во фиока го чуваше предметот за масовното незаконско прислушување „Таргет-Тврдина“. Според Георгиев, постапката за утврдување одговорност кај судија има неколку етапи на одлучување по извештајот од тричлената комисија.

„Сега со новиот закон по којшто работиме од 2019 година оваа комисија не дава предлог туку изготвува фактички извештај за фактичката сосотјба од настаните кои се предмет на оценка, односно од барањето во кое се бара одговорност за судијата. Предлог нема, но согласно законот е предвидено дека по изнесената фактичка состојба се донесува одлука во која со најмалку седум гласа се запира постапката. Во овој случај не е запрена со седум гласа туку се продолжува понатаму. Согласно законот, одиме по редослед. Најмалку осум гласа е потребно за да се донесе одлука за разрешување на судијата, а во овој случај немаше осум гласа. Кога е ваква сосотојба, согласно законот, се продолжува да се оди прво со дисциплинските мерки коишто се изразени во парична казна од 15-30% и најамалата казна е изразување јавен укор или опомена. Во случајов осум гласа доби намалување 20% од платата во период од шест месеци“,

рече претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев.

Според Георгиев, судиите одлучуваат по сопствено убедување, а дел од нив изнеле аргументите зошто гласале против разрешување на судијата Беџети.

„Овој судија којшто го имал предметот како известител во второстепена постапка е само еден од судиите во советот што решавал, во овој случај беа пет судии. Тука станува збор за кривичен совет во кој овој судија е известител, но е состав од сите пет судии. По нечие убедување, дел од колегите сметаа дека можеби станува збор за колективна одговорност на целиот совет и тука беа нечии аргументи зошто само овој судија да понесе одговорност. Од друга страна, овој судија претходно имал солидни резултати во неговото работење, постигнати бодови, а претходно имаше и апликација за унапредување“,

рече Георгиев.

На прашањето за неконзистентност во одлучувањето на Судскиот совет кој претходно ги разреши судијките Лидија Неделкова и Софија Лаличиќ за поситни забелешки, Георгиев вели дека и тогаш имало различни мислења, но натежнале гласовите на мнозинството.

„Од оваа дистанца можеби ќе се согласам дека во јавноста тоа е претставено некогаш како за многу поголем проблем да поминува со дисциплинска казна, а проблемот е проблем во зависност од кој агол се гледа. Недозволиви беа активносите и на овие судии за кои се одлучи како што се одлучи. Сакам да потенцирам дека на крајот одлуките на Советот се предмет на оценка по жалба до Врховниот суд. Во случај, за овие судии, од тоа што ми е познато, правосилно се завршени со одлука и на Врховниот суд во жалбениот совет, составен од повеќе судии, така што мораме да ги гледаме правно работите“,

додава Георгиев.

За партиското влијание врз одлуките на Судскиот совет, првиот човек на институцијата посочува дека членовите се професионалци кои не треба да дозволат какви било влијанија, особено при одлучувањето за разрешување или за избор на судија.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Патиштата меѓу селата во Голо Брдо се исчистија со булдожерот донација од македонската влада

Следно

„ВМРО го предводи антиевропскиот фронт“, вели Османи

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop