Потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик, во посета на Северна Македонија

September 26, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Потпретседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Махмут Чевик, оствари посета на Северна Македонија, во чии рамки во Скопје реализираше различни средби, јавува Анадолу.

Чевик најпрвин во седиштето на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) се состана со директорите на основните училишта во кои наставата се одржува и на турски јазик во земјата, во чии рамки беше предадена техничката опрема обезбедена во рамките на проектот за развој на визуелно-технолошките инфраструктури на училиштата.

Тој на средбата беше придружуван од претседателот на МАТУСИТЕБ, Тахсин Ибрахим, и од координаторот на ТИКА во Скопје, Мехмет Бајрак.

Чевик упати благодарност до тие што вложуваат напори да се обезбеди настава на турски јазик за турската заедница што живее во Северна Македонија.

Потсетувајќи дека ТИКА од 2005 година реализирала околу 1.200 проекти во земјата, од кои најзначајниот дел е во областа на образованието, односно 31 отсто, Чевик рече дека во овие рамки изградиле и реставрирале околу 60 училишта.

Претседателот на МАТУСИТЕБ, Ибрахим, нагласи дека во земјата над 8.000 лица ја следат наставата на турски јазик и дека има 549 турски наставници.

Чевик потоа учествуваше на централната церемонија на Балканската работилницата за пишување што се организира со поддршка на ТИКА, во координација со МАТУСИТЕБ, и од страна на Балканската унија на писатели и Евроазиската унија на писатели.

Во изјавата за медиумите Чевик ја истакна важноста на развојот на нови млади писатели.

Претседателот на Евроазиската унија на писатели, Јакуп Омероглу, рече дека оваа програма ја реализирале со цел талентираните млади лица да се развијат во областа на литературата.

Претседателот на Балканската унија на писатели, Муртеза Сулооџа, нагласи дека работилницата, која функционира веќе четири години, постигнала голем успех, додавајќи дека над 20 лица успешно ја завршиле оваа работилница.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПСЖ го купува најдобриот фудбалер на Манчестер Сити

Следно

Стефанос Каселакис, нов лидер на главната грчка опозициска партија СИРИЗА

Latest from Blog

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на

ВЛЕН: ДУИ ја блокираше еднаквоста во високото образование

Скопје – Потпишувањето на колективните договори со албанските универзитети потврди дека проблемите со кои тие се соочувале со години не биле резултат на законски или институционални пречки, туку на политичкиот пристап на

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската
Go toTop