Потпретседателот на САД го откажа патувањето во Израел поради Газа

May 19, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, ја откажа планираната посета на Израел поради загриженост дека неговото присуство би можело да се протолкува како поддршка на зголемените воени дејства на Израел во Газа, објави Аксиос денес, јавува Анадолу.

Според висок претставник на американската администрација што зборувал за медиумот, Венс се откажал од застанување во Израел по посетата на Рим бидејќи не сакал да прати порака дека Вашингтон ја поддржува израелската одлука за ескалација на воената кампања во време кога САД се обидуваат да договорат примирје.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги информирала израелските власти во саботата дека постои можност Венс да ја посети земјата по присуството на инаугурацијата на папата Лав XIV, објавија израелски извори.

Иако официјален претставник од Белата куќа подоцна како причина за откажувањето навел „логистички ограничувања“, друг висок американски извор за Аксиос изјавил дека вистинска причина била дипломатската загриженост – дека посетата може да биде протолкувана како зелено светло за засилената офанзива.

И американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја откажа својата претходно планирана посета на Израел минатиот понеделник, а администрацијата соопшти дека наместо тоа ќе му се придружи на претседателот Трамп при неговата посета на Блискиот Исток.

Овие дипломатски измени доаѓаат во момент кога Израел ја започна операцијата „Гидеонски кочии“ во неделата, при што почна голема копнена офанзива низ цела Газа со учество на редовни и резервни воени сили.

Од 2 март Израел го блокира хуманитарниот пристап до Газа, дополнително влошувајќи ја веќе тешката хуманитарна состојба. Во воената кампања досега загинаа над 53.000 Палестинци од октомври 2023 година.

Израел се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, а Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на премиерот Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

11 пациенти се лекуваат во странство – тим од специјалисти ќе ја утврдува состојбата на повредените

Следно

Трасиран патот за реформите согласно пакетот за поддршка од ЕУ

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и
Go toTop