Потпишана Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата

March 25, 2024
1 min read

Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата потпишаа денеска трите медицински комори, Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката, Министерството за здравство, медицинските факултети во земјава и Институтот за јавно здравје.

Како што беше истакнато на прес-конференцијата по овој повод, целта на Декларацијата е создавање поширок фронт за поддршка на вакцинацијата и одржување континуитет на активностите за промоција на имунизацијата.

-Вакцинацијата е најголема придобивка на човештвото. За жал, според податоците за 2022 година, во однос на примарната вакцинација и ревакцинација не е постигнат препорачаниот опфат од над 95 отсто за ниту една вакцина на национално ниво. Регистрираниот опфат е под 90 отсто за сите вакцини. Како последица на ова, веќе се соочуваме со епидемија на голема кашлица, а ризикот од повторно соочување со нови епидемии на мали сипаници, е сериозен – рече Калина Гривчева – Старделова, претседател на Лекарската комора.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стано: ЕУ нема да одбие рационална понуда од Москва за соработка во борбата против тероризмот

Следно

Протест на матичните лекари, се бараат нови закони за заштита на здравствениот кадар

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop