Поточиња викендов седум пати ја наполнија Филхармонија

April 15, 2024
1 min read

Речиси 6 500 посетители во двата фестивалски дена веќе на првите тактови на популарната химна на фестивалот ги пречекаа учесниците со аплауз и еуфорија. Популарниот водител – маскотата Поки (актерот Мартин Јорданоски) на маестрален начин ги водеше децата низ фестивалска приказна, а овациите и задоволството не престанаа до самиот крај на фестивалскиот репертоар. Новите 15 песни ги опфатија сите сегменти од детскиот свет и со својата мелодичност и стилска разноликост приредија голема забава за сечиј детски вкус. Секоја песна на големиот лед екран во форма на брод имаше анимирано видео со испишан текст што привлече големо внимание кај публиката. На самиот крај со импресивна сценска кореографија беше изведена песната “Македонија да ја чуваме” која со својата моќна порака не потсети колку е убава и сакана нашата татковина.

Поточиња 2024 уште еднаш потврди дека фестивалот со право го носи епитетот најреномиран детски фестивал во државата и дека со секое ново издание се повеќе ја збогатува музичката ризницата на македонски хитови за деца.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Формирани двојките за плејоф и плејин во НБА

Следно

Дневен хороскоп за 15 април 2024 година

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop