Постои ризик Тетово да остане без вода за пиење – изворите на Лешница 10 пати позагадени од дозволеното ниво

November 6, 2023
1 min read

реклама


Постои ризик Тетово да остане без вода за пиење. Недостигот од дожд и снег од една страна, а од другата страна заматеноста на водата од изворите на Лешница, предизвикаа градот да има околу 140 литри вода во секунда помалку од потребното за да се задоволат барањата на градот. Изворите на Лешница се 10 пати позагадени од дозволеното ниво.

Моментално нивото на загадување е 14, што е надвор од нормала, тоа е приближно 10 пати. Обврзани сме да ги исклучиме изворите на Лешница и сме обврзани да се снабдиме од старите извори кои реално се многу малку и има многу малку вода“, вели Лулзим Шаќири.

реклама

Активирани се и алтернативните извори велат од јавното претпријатие, но количината на вода и понатаму не е повеќе од 220 литри вода во секунда, нешто што предизвика чешмите во градот Тетово денеска да останат без вода.

Имаме недостиг на околу 140 литри вода во секунда. Со исклучување на системот на Лешница од употреба, ние изгубивме 140 литри, а тоа е потребната количина за градот. Моментално имаме вкупно 220 литри од сите извори. Рестрикцијата е најтешката форма која треба да ја преземеме бидејќи се соочуваме со застарен систем и по секое запирање на водата се појавуваат големи дефекти, затоа и не ја запираме бидејќи за 10 часа од чистењето на системот губиме многу и затоа е нелогично. Најмногу ќе настрадаат горните делови на градот, или периферниот дел, иако се обидуваме да имаме снабдување барем да ги полниме резервоарите, но реално ќе настрада целиот град“, додаде Лулзим Шаќири.

реклама

Од друга страна, од општина Тетово пред две години најави физибилити студија за проект за долгорочно решавање на проблемот со водата, но до овој момент нема конкретен чекор во оваа насока.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ахмети по повод жртвите од масакрот во Сопот – Мицкоски: Кога гледате национализам, да знаете дека се бира некој тендер

Следно

Мизрахи: Малверзациите во рамки на клиниката за Онкологија укажуваат на политички карцином на здравствениот систем

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop